-->
Џорџ Клуни и уште 7 познати мажи кои го добија првото дете по 50-тиот роденден
Џорџ и Амал Клуни ги добија близнаците Ела и Александер кога актерот имаше 56 години.
Честопати се обрнува внимание на возраста на познатите мајки, па добро би било некогаш да им посветиме внимание и на славните татковци.
Бројни славни мажи се одлучиле да станат родители подоцна во животот, па првото дете го добиле по 50-тиот роденден.
Во продолжение осум вакви познати мажи:
Крис Нот и сопругата Тара Вилсон го добија првото дете Орион во 2008 година, кога актерот имаше 53 години.
Елтон Џон првпат стана родител на 63-годишна возраст. Тој и неговиот сопруг го добија детето во 2010 година со помош на сурогат мајка.
Хју Грант има три деца, а првото го доби во 2011-та кога имаше 51 година.
Комичарот Стив Мартин првпат стана татко во 2012-та, на 67-годишна возраст.
Сајмон Кауел го доби првото дете - синот Ерик - кога имаше 54 години.
Џеф Голдблум првпат стана татко на 62-годишна возраст, кога го доби синот Чарли со сопругата Емили Ливингстон.
Џорџ и Амал Клуни ги добија близнаците Ела и Александер во 2017-та, кога актерот имаше 56 години.
Брајан Адамс првпат стана татко во 2011-та на 51-годишна возраст, кога ја доби ќерката Мирабела.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:

Џеј Ло, Сандра Булок, Ребел Вилсон - Познати личности кои јавно лажеа за годините (и како беа открие...
Џеј Ло при полициски распит, Мила Кунис сама призна дека лажела дека е постара з...

Адам Левин ја изневерувал бремената сопруга со 23-годишна девојка - сака да го крсти детето по неа, ...
Адам Левин кој го чека третото дете со сопругата Бехати Принслу наводно имал афе...

Има социјална анксиозност и панични напади, беше во врска со Џесика Бил – кој е Крис Еванс, најсекси...
Двапати ја одбил улогата што го направи светски познат, вели дека едвај чека да ...