Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возач 08-08-2022
Технолог 08-08-2022
Шивач/ки 08-08-2022


Најстариот син на Илон Маск сака да го промени полот и се откажува од татко му: „Не сакам да ме поврзуваат со него“

Најстарото дете на Илон Маск поднесе барање за промена на полот, а одлучи и јавно да се откаже од неговиот татко изјавувајќи дека не сака да го носи неговото презиме, ниту да биде поврзуван со него на кој било начин.

najstariot-sin-na-ilon-mask-saka-da-go-promeni-polot-i-se-otkazhuva-od-tatko-mu-ne-sakam-da-me-povrzuvaat-so-nego-01.jpg

Милијардерот Илон Маск е татко на седум деца, а едното од нив, 18-годишниот Егзавиер, сега одлучи да си го промени полот, но и јавно да се откаже од презимето на татко му.

Според Daily Mail, Егзавиер побарал барање за промена на полот уште на 18-ти април, притоа барајќи да си го промени името во Вивиен Џена Вилсон – Вилсон е презимето на неговата мајка.

najstariot-sin-na-ilon-mask-saka-da-go-promeni-polot-i-se-otkazhuva-od-tatko-mu-ne-sakam-da-me-povrzuvaat-so-nego-08.jpg

Заедно со барањето има и изјава со која Егзавиер се откажува од татко му:

„Повеќе не сакам да живеам или да бидам поврзуван со мојот биолошки татко на кој било начин“.

najstariot-sin-na-ilon-mask-saka-da-go-promeni-polot-i-se-otkazhuva-od-tatko-mu-ne-sakam-da-me-povrzuvaat-so-nego-10.jpg

Уште не е познато што точно е причината за раздорот помеѓу Илон и неговото дете, а не е ни познато дали Егзавиер добива каква било финансиска помош од милијардерот.

Илон Маск има вкупно пет деца со мајката на Егзавиер и тие имаат заедничко старателство над нив.

najstariot-sin-na-ilon-mask-saka-da-go-promeni-polot-i-se-otkazhuva-od-tatko-mu-ne-sakam-da-me-povrzuvaat-so-nego-09.jpg

Некои веруваат дека можеби причината за оваа необична одлука на Егзавиер се бројните изјави на милијардерот против трансродовите лица.

Во неколку наврати, Илон ги има критикувано трансродовите лица, а неговите изјави беа оценети како трансфобични.

Но, тој изјави и дека нема ништо против трансродовите лица – единствено му пречеле бројните лични заменки што трансродовите лица ги одбираат за себе.

Сепак, тој се нема огласено во врска со одлуката на неговото дете, па не се знае дали неговиот став е причина за конфликтот.

najstariot-sin-na-ilon-mask-saka-da-go-promeni-polot-i-se-otkazhuva-od-tatko-mu-ne-sakam-da-me-povrzuvaat-so-nego-07.jpg

Како што веќе напоменавме, Илон Маск е татко на седум деца, но имал уште едно кое починало веднаш по раѓањето.

Во продолжение прочитајте повеќе за децата и нивниот однос со милијардерот:

Невада

Илон Маск го доби првото дете – синот Невада – со поранешната сопруга Џастин Вилсон. Невада се роди во 2002 година, но почина само 10 месеци по раѓањето.

najstariot-sin-na-ilon-mask-saka-da-go-promeni-polot-i-se-otkazhuva-od-tatko-mu-ne-sakam-da-me-povrzuvaat-so-nego-02.jpg

Егзавиер и Грифин

Во 2004 година, милијардерот и поранешната сопруга Џастин ги добија близнаците Егзавиер и Грифин.

Освен одлуката за промена на полот на Егзавиер, во јавност не се познати речиси никакви информации за близнаците. Познато е и дека ги добиле со асистирано оплодување. 

„Си ги закопав чувствата и се справив со смртта на Невада така што отидов во клиника за асистирано оплодување само два месеца подоцна“, има изјавено Џастин.

najstariot-sin-na-ilon-mask-saka-da-go-promeni-polot-i-se-otkazhuva-od-tatko-mu-ne-sakam-da-me-povrzuvaat-so-nego-03.jpg

Каи, Саксон и Дамијан

Илон и Џастин имаат и тројка, а и овојпат станува збор за асистирано оплодување.

Трите деца се можеби и подобро скриени од јавноста бидејќи од нив речиси и да нема фотографии, а и на оние што се достапни не се знае кој е кој.

Каи, Саксон и Дамијан се родија во 2006 година, а само две години подоцна Илон и Џастин се разведоа.

„Старателството на нашите пет деца е поделено еднакво. Речиси целото слободно време го минувам со моите момчиња, тие се љубовта на мојот живот“, изјави милијардерот кратко по разводот.

Сепак, сега е јасно дека не е во најдобар однос со нив.

Околу две години подоцна, Илон повторно стапи во брак со Талула Рајли, и тоа двапати. Првиот пат бракот траеше од 2010 до 2016 година, а вториот – од 2013 до 2016 година. Тие немаат заеднички деца.

najstariot-sin-na-ilon-mask-saka-da-go-promeni-polot-i-se-otkazhuva-od-tatko-mu-ne-sakam-da-me-povrzuvaat-so-nego-04.jpg

X Æ A-Xii

Можеби најпознатото дете на Илон е синот што го доби со пејачката Грајмс во 2020 година, а кој привлече внимание поради чудното име.

Илон и Грајмс ја почнаа врската во 2018 година, но во септември 2021-ва соопштија дека се разделиле.

najstariot-sin-na-ilon-mask-saka-da-go-promeni-polot-i-se-otkazhuva-od-tatko-mu-ne-sakam-da-me-povrzuvaat-so-nego-05.jpg

Exa Dark Sideræl

И покрај тоа што се разделија во септември, до крајот на 2021 година Илон и Грајмс го добија второто дете – овојпат ќерка, но повторно со необично име.

Парот го доби детето со сурогат мајка.

Кратко откако се роди ќерка им, Грајмс изјави дека Илон е нејзино момче во интервју за Vanity Fair.

„Би можела да го наречам мое момче, но нашиот однос е флуиден. Живееме во одделни куќи. Најдобри пријатели сме. Се гледаме постојано. Си имаме посебен однос и не очекувам другите луѓе да го разберат тоа“.

Но, само неколку часа откако беше објавено интервјуто, Грајмс сподели твит со кој откри дека повторно се разделиле.

Уште не е познато како Илон и Грајмс го поделиле старателството, но најверојатно заедно се грижат за нивните деца.

najstariot-sin-na-ilon-mask-saka-da-go-promeni-polot-i-se-otkazhuva-od-tatko-mu-ne-sakam-da-me-povrzuvaat-so-nego-06.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајката на децата на Илон Маск мрази да ја викаат „мамо“ - Факти за воспитувањето на нивните деца Илон Маск (50) и канадската пејачка Грајмс (33) заедно имаат две деца, а нивниот...
Одат во специјално училиште, мора да доживеат тешкотии: Чудни правила што децата на Илон Маск ги сле... Се шпекулира дека Илон Маск е татко на ќерката што Амбер Херд минатата година ја...
„Бившата“ на Илон Маск откри дека се смириле, но живеат одвоено откако добиле второ дете во тајност:... „Веројатно ќе кажам дека Илон ми е момче. Но, живееме во одвоени куќи, не очекув...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg