Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Уморен младоженец: Смешни папарацо фотки од Бен Афлек кој спие на брод во Париз, ќерка му го буди со бакнеж

Бен Афлек беше совладан од заморот додека заедно со семејството пловеа со брод на реката Сена во Париз. Папараци фотографите успеаја да го уловат како спие на стол со подзината уста, сè додека ќерка му не дојде да го разбуди со бакнеж.

umoren-mladozhenec-smeshni-paparaco-fotki-od-ben-aflek-koj-spie-na-brod-vo-pariz-kjerka-mu-go-budi-so-baknezh-01.jpg

По свадбата што се оддржа минатата недела во Лас Вегас, Бен Афлек и Џенифер Лопез заминаа на патување во Париз каде денес (24.07.) светски познатата пејачка треба да го прослави својот 53-ти роденден.

umoren-mladozhenec-smeshni-paparaco-fotki-od-ben-aflek-koj-spie-na-brod-vo-pariz-kjerka-mu-go-budi-so-baknezh-03.jpg

Бен и Џеј Ло се на меден месец заедно со двете ќерки на актерот Вајолет (16) и Серафина (13), како и близнаците на Џеј Ло Еме и Макс (14).

umoren-mladozhenec-smeshni-paparaco-fotki-od-ben-aflek-koj-spie-na-brod-vo-pariz-kjerka-mu-go-budi-so-baknezh-05.jpg

Деновиве парот е постојано во движење и не ја пропушта можноста да прошета и да ги види сите убавини што ги нуди главниот град на Франција, но очигледно Бен бил совладан од заморот, па така папараците успеаја да го уловат во еден незгоден момент.

umoren-mladozhenec-smeshni-paparaco-fotki-od-ben-aflek-koj-spie-na-brod-vo-pariz-kjerka-mu-go-budi-so-baknezh-04.jpg

Имено, додека останатите членови на семејството уживаа во пловењето со брод на реката Сена, Бен во еден миг одлучи да се оддалечи и да одмори на столче, но беше совладан од заморот.

umoren-mladozhenec-smeshni-paparaco-fotki-od-ben-aflek-koj-spie-na-brod-vo-pariz-kjerka-mu-go-budi-so-baknezh-08.jpg

Папараци фотките во кои Бен спие на стол со подзината уста го обиколија светот.

Прочитајте и Носат момчешка облека, се декларираат како небинарен род – ќерките на Џеј Ло и Бен Афлек се како вистински сестри (фото)

Погледнете ги фотографиите на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Нови детали за трагичната смрт на Наја Ривера, која се удави - Син ѝ сакал да ја спаси со јаже, и де... „Џоси, кој тогаш имаше 4 години, постојано повторува дека на бродот имало јаже, ...
Бен Афлек подготвен да направи сè за Џенифер Гарнер: „Многу ја сака, Џеј Ло не можеше да се натпрева... Иако изворите тврдат дека нема ништо романтично помеѓу Бен Афлек и Џенифер Гарне...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Го оставила сопругот за него: Која е жената што го „растури“ бракот на Бен Афлек и Џенифер Гарнер? Покрај аферата со дадилката, некои извори тврдат дека Бен Афлек имал афера и со ...
Сите знаци што укажуваа дека Бен Афлек и Џеј Ло се пред развод – низ фотографии Фотките на кои Бен е мизерен, се расправа со сопругата, ѝ ја треска вратата од а...
Сопругот на Серена Вилијамс емотивен по операцијата за рак на тироида: „Мажи, одете на преглед, особ... „Мајка ми имаше рак на дојка кога беше на моја возраст, а потоа почина од рак на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg