Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
АРХИТЕКТ 30-01-2023


Носат момчешка облека, се декларираат како небинарен род – ќерките на Џеј Ло и Бен Афлек се како вистински сестри (фото)

Ќерките на Џеј Ло и Бен Афлек се како сестри: имаат слични фризури, сличен стил на облекување, пораснаа со славни родители, а неодамна и двете се декларираа како „небинарен“ род, односно не се ниту машки, ниту женски род. Погледнете колкава е сличноста меѓу двете девојчиња.

kako-vistinski-sestri-kjerkite-na-djej-lo-i-ben-aflek-koi-se-deklariraat-kako-nebinaren-rod-stanaa-najdobri-drugarki-foto-01.jpg

Минатата година топ тема беше помирувањето на Џенифер Лопез (52) и Бен Афлек (49), 18 години по раскинувањето, а оттогаш папараците го следат секој нивен чекор.

kako-vistinski-sestri-kjerkite-na-djej-lo-i-ben-aflek-koi-se-deklariraat-kako-nebinaren-rod-stanaa-najdobri-drugarki-foto-02.jpg

Особен интерес кај јавноста привлекува тоа како нивните деца ја прифаќаат нивната врска.

Џеј Ло има две деца од бракот со Марк Ентони, близнаците Макс и Еме (14), а Бен од бракот со Џенифер Гарнер има три деца, ќерките Серафина (13) и Вајолет (16) и синот Семјуел (10).

Иако од папарацо фотографиите може да се забележи дека децата брзо ја прифатија врската на нивните родители, па често уживаат во заеднички прошетки и излегувања со славните родители, се чини дека ќерките на Џеј Ло и на Бен Афлек, Еме (14) и Серафина (13) станаа најдобри другарки.

kako-vistinski-sestri-kjerkite-na-djej-lo-i-ben-aflek-koi-se-deklariraat-kako-nebinaren-rod-stanaa-najdobri-drugarki-foto-03.jpg

Двете девојчиња што се на слична возраст, најчесто се фотографирани заедно во слична облека, со слични фризури.

На фотографиите може да се видат како споделуваат слушалки за да слушаат музика и се смеат додека ги следат нивните славни родители.

kako-vistinski-sestri-kjerkite-na-djej-lo-i-ben-aflek-koi-se-deklariraat-kako-nebinaren-rod-stanaa-najdobri-drugarki-foto-04.jpg

Неодамна Џеј Ло откри што се крие зад одлуката на нејзината ќерка драстично да го промени имиџот, па Еме, од девојче облечено во фустани и со долга коса да почне да се појавува во широка облека.

На гостувањето во Лос Анџелес, Џеј Ло пееше во дует со Еме, а за првпат кон својата ќерка се обрати со заменката „тие“ што вообичаено се користи за лицата што се декларираат како небинарен род.

„Последниот пат кога пеевме заедно тоа го направивме на сличен стадион како овој и ги молам постојано да пееме заедно, а тие не сакаат. Значи ова е посебен настан.

Тие се мошне зафатени и скапо ме чинат секојпат кога ќе излезат на сцена, но вредат за секој цент што сум го дала затоа што тие ми се омилениот партнер за дуети на сите времиња“ – рече Џеј Ло.

@christinathesupermom Jennifer Lopez JLO surprises audience at at the Blue Diamond Gala by the Dodgers foundation. Excuse shaky camera at end I was in shock myself.#jlo #jenniferlopez #jloandemme #dodgersfoundation #bluediamondball #jlosurpriseguest #tmz #jloperformance ♬ original sound - ChristinaTheSupermom

Освен Еме, и Серафина исто така себеси се декларира како небинарна личност, односно не е ниту машки, ниту женски род.

kako-vistinski-sestri-kjerkite-na-djej-lo-i-ben-aflek-koi-se-deklariraat-kako-nebinaren-rod-stanaa-najdobri-drugarki-foto-05.jpg

Станува јасно дека Еме и Серафина освен што се генерациски мошне блиску, имаат слични ставови и слични сфаќања, што само по себе прави девојчињата да се зближат како вистински сестри.

Прочитајте и Бен Афлек му дал на 10-годишниот син да вози Lamborghini автомобил – направил сообраќајка и го критикуваат дека е неодговорен родител

Погледнете повеќе фотографии од двете девојчиња:

kako-vistinski-sestri-kjerkite-na-djej-lo-i-ben-aflek-koi-se-deklariraat-kako-nebinaren-rod-stanaa-najdobri-drugarki-foto-06.jpg

kako-vistinski-sestri-kjerkite-na-djej-lo-i-ben-aflek-koi-se-deklariraat-kako-nebinaren-rod-stanaa-najdobri-drugarki-foto-07.jpg

kako-vistinski-sestri-kjerkite-na-djej-lo-i-ben-aflek-koi-se-deklariraat-kako-nebinaren-rod-stanaa-najdobri-drugarki-foto-08.jpg

kako-vistinski-sestri-kjerkite-na-djej-lo-i-ben-aflek-koi-se-deklariraat-kako-nebinaren-rod-stanaa-najdobri-drugarki-foto-09.jpg

kako-vistinski-sestri-kjerkite-na-djej-lo-i-ben-aflek-koi-se-deklariraat-kako-nebinaren-rod-stanaa-najdobri-drugarki-foto-10.jpg

kako-vistinski-sestri-kjerkite-na-djej-lo-i-ben-aflek-koi-se-deklariraat-kako-nebinaren-rod-stanaa-najdobri-drugarki-foto-11.jpg

kako-vistinski-sestri-kjerkite-na-djej-lo-i-ben-aflek-koi-se-deklariraat-kako-nebinaren-rod-stanaa-najdobri-drugarki-foto-12.jpg

kako-vistinski-sestri-kjerkite-na-djej-lo-i-ben-aflek-koi-se-deklariraat-kako-nebinaren-rod-stanaa-najdobri-drugarki-foto-13.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џеј Ло (52) се омажи со Бен Афлек, 20 години откако ја запроси за првпат Џенифер Лопез и Бен Афлек стапија во брак во Лас Вегас, 3 години откако актерот ...
Џеј Ло (52) со фустан што само дива како неа може да го износи (фото) Со огромни транспарентни делови, дури и во пределот на градите и задникот, ова е...
Адам Левин ја изневерувал бремената сопруга со 23-годишна девојка - сака да го крсти детето по неа, ... Адам Левин кој го чека третото дете со сопругата Бехати Принслу наводно имал афе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg