Мама Викторија не ѝ дозволи да се гледа со Бруклин Бекам, го изневери Роб Кардашијан - Бурниот љубовен живот на Рита Ора пред да се омажи
Во 2009-та година Рита беше во врска со Бруно Марс. Во една прилика таа откри дека во пејачот се вљубила на прв поглед. Имала само 18 години, а во тој период Бруно сѐ уште не ѝ бил премногу познат на јавноста.
„Тој беше текстописец без работа, што ми пишуваше песни. Мислев дека тој е најдобриот човек на светот. Супер ни беше заедно, но кога станавме славни, имавме премногу обврски. Раскинавме, но останавме блиски пријатели“ – рече во една прилика Рита.
Во 2012-та година Рита ја поврзуваа со братот на сестрите Кардашијан, Роб. Откако се разделија, тој на социјалните мрежи ја обвини дека постојано го изневерувала. Рита досега не дала коментар за овие тврдења.
Долго пред раперот Ејсап Роки да ја започне врската со Ријана, тој беше во врска со Рита Ора. Во 2015-та година објави песна во која јавно ја прозва и за неа рече дека има „голема уста“.
Во 2016-та година Рита Ора ја поврзуваа со формула возачот Луис Хамилтон, откако беше фотографирана како го поддржува на трката во Абу Даби. По ова заедно беа забележани на одмор во Црна Гора. Сепак, Хамилтон стави крај на шпекулациите откако изјави дека нема време за врски и дека целосно е посветен кариерата.
Рита на 26-годишна возраст наводно имала тајна врска со синот на Викторија и Дејвид Бекам, Бруклин, кој тогаш имал само 18 години. Се шпекулираше дека Викторија воопшто не била среќна кога дознала дека парот разменува „секси“ пораки на телефон и веднаш им наредила да стават крај на врската.
-->
-->
Б. С. Б. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:

Пред 20 години стана татко, па призна дека е геј - Се сеќавате ли на Данкан Џејмс од Blue?
За многумина најубавиот член на британскиот бенд Blue отсекогаш бил Данкан Џејмс...

Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите?
По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...

Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ...
„Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери)
Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...

Меган Фокс се породи - Доби ќерка со Машин Ган Кели, среде љубовните драми и неговите контакти со др...
Машин Ган Кели објави видео како со налакирани, излупени нокти ја гали новороден...

8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините
Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...