Му нацртаа брада и мустаќи со Фотошоп за да го препознаат – Џони Деп хит на Твитер откако го промени имиџот (фото)
- Детали
- вторник, 11 октомври 2022
Актерот Џони Деп изминатото лето беше топ тема во медиумите заради судењето за клевета против поранешната сопруга Амбер Херд, а сега одлучи да го промени имиџот, па твитерџиите веднаш почнаа да се шегуваат негова сметка.
Минатиот викенд Џони Деп (59) пред неговиот заеднички концерт со Џеф Бек во Њујорк се фотографираше со своите обожаватели и делеше автограми, а сите останаа збунети откако го видоа славниот актер без препознатливата брада и мустаќи.
По завршувањето на судењето во кое докажа дека Херд извршила клевета и му го нарушила угледот, Џони се обидуваше да остане што е можно подалеку од очите на јавноста, но сега ќе биде дел од американската турнеја на познатиот рок музичар.
Од друга страна, пак, фотографиите станаа хит на Твитер, каде некои од твитерџиите со помош на Фотошоп му нацртаа мустаќи и брада за да се уверат дека е тој.
Други велат дека сега многу повеќе наликува на Ози Озборн.
А некои дури и ги споредуваат фотографиите на Џони од младоста каде е без брада со новите и велат дека актерот е како „дедото бездомник на Џони“.
Погледнете уште неколку фотографии:
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





