Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кортни Кардашијан и Тревис Баркер „уловени“ како ја прославуваат годишнината од запросувањето (фото+видео)

Кортни Кардашијан и Тревис Баркер на Инстаграм објавуваат стари фотографии од запросувањето и од свадбата, а Ребел Вилсон ги улови на камера каде биле и што правеле по повод годишнината од запросувањето. Во видеото се гледа дека парот уживал во романтична атмосфера на истото место каде што беше запросувањето.

kortni-kardashijan-i-trevis-barker-uloveni-kako-ja-proslavuvaat-godishninata-od-zaprosuvanjeto-foto-video-01.jpg

Кортни Кардашијан и Тревис Баркер вчера (17.10.) прославија една година од денот кога тапанарот клекна на едно колено и ја побара за жена ријалити ѕвездата.

kortni-kardashijan-i-trevis-barker-uloveni-kako-ja-proslavuvaat-godishninata-od-zaprosuvanjeto-foto-video-14.jpg

На нивните Инстаграм профили тие денот го одбележаа со фотографии од запросувањето, но и од свадбата што се одржа во Италија минатото лето, а Ребел Вилсон успеа да ги „улови“ на камера и да покаже што правел парот и како ја прославил годишнината.

kortni-kardashijan-i-trevis-barker-uloveni-kako-ja-proslavuvaat-godishninata-od-zaprosuvanjeto-foto-video-02.jpg

Актерката Ребел Вилсон објави кратко видео на Инстаграм каде покажа дека успеала да ги сними Кортни Кардашијан и Тревис Баркер како ја прославуваат годишнината од запросувањето на плажата во Санта Барбара, каде точно пред една година тапанарот клекна на едно колено и ја побара за жена.

kortni-kardashijan-i-trevis-barker-uloveni-kako-ja-proslavuvaat-godishninata-od-zaprosuvanjeto-foto-video-03.jpg

Со аранжман од рози што речиси беше идентичен на оној од пред една година, класична музика на гитара и виолина, парот одбележа една година од денот кога Кортни прифати да му биде сопруга на Тревис, а Ребел Вилсон вели дека целиот момент бил премногу сладок.

„Се прашував: Кој свири класична музика под мојот прозорец! Забавувајте се гулапчиња!“ – напиша Ребел Вилсон на едно од видеата.

Може да се забележи дека романтичниот момент постојано се снима од двајца камермани, а тоа значи дека наскоро ќе имаме можност да погледнеме нови професионални фотки од парот.

Прочитајте и Скот не успеа да ја круниса љубовта со Кортни 9 години, Тревис ја побара за 1 година – нови фотки и критики за парот

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најконтроверзниот холивудски брак: 51-годишен актер се венча со 16-годишна девојка, денес го нарекув... Во 2011-та, 51-годишниот актер Даг Хачисон се венча со 16-годишна девојка, и тоа...
Кортни Кардашијан по неуспешните ин-витра и бизарните методи со пиење семена течност: „Само со молит... „Престанав по 1 година обидување (5 неуспешни ин-витра, 3 процедури за вадење ја...
Викторија Бекам – елка без лампиони: Како украсија славните за празниците? (фото) Кортни Кардашијан има елка свртена наопаку, додека сестра ѝ Ким се пофали со огр...
Најконтроверзните врски на Кардашијанс - Продуцент на филмови за возрасни, зависник од дрога Бракот на Ким кој траеше 72 дена, како и врската на Кортни Кардашијан со основач...
Кортни Кардашијан стегната во корсет по 4-ото породување: „Се плашам од пролапс на вагината – не сак... „Сакам да се вратам во јавност, но во моментов го дојам бебето и не сакам да се ...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg