Скот не успеа да ја круниса љубовта со Кортни 9 години, Тревис ја побара за 1 година – нови фотки и критики за парот
- Детали
- четврток, 21 октомври 2021
Кортни Кардашијан сподели нови фотки од романтичното запросување, додека нејзиниот бивши партнер, Скот Дисик, ги избегнува семејните настани за да не го гледа Тревис, па дури и го критикува нивното однесување во јавност.
Неколку денови откако Тревис Баркер ја побара за жена, Кортни Кардашијан ги израдува фановите со фотки од свршувачката. 42-годишната ријалити ѕвезда сподели неколку фотографии на Инстаграм, изјавувајќи:
„Се будев целата ноќ мислејќи дека ова е сон“.
Тревис ја побара раката на Кортни на плажа во Калифорнија по неполна година врска, а уште од првите фотки беше јасно дека навистина се потрудил за посебниот миг.
Тревис направил огромно срце од рози, а според изворите, самиот учествувал во дизајнирањето на дијамантскиот прстен чија вредност се проценува на повеќе од милион долари.
Според изворите, не само Кортни, туку и целото нејзино семејство е пресреќно за свршувачката.
Во меѓувреме, поранешните партнери на Кортни и Тревис не се најсреќни за целата ситуација.
Додека бившата на Тревис, Шана Моаклер, отворено ја критикуваше Кортни и целото нејзино семејство, Скот Дисик, поранешното момче на Кортни, извесен период „исчезна“ од социјалните мрежи.
Според изворите, Скот е најповреден бидејќи беше во врска со Кортни неколку години, а кога ја побара за жена, таа го одби.
Кортни и Скот се запознаа во 2006 година, а тој период ја почнаа и врската. Во 2009-та парот го доби првото дете, Мејсон, но тој период почнаа и нивните проблеми. Скот постојано одел на забави, се однесувал агресивно и немал никаква контрола над себе.
Парот се раздели, но набрзо повторно се смирија.
Во 2011 година во ријалити шоуто на Кардашијанс Скот ѝ зборуваше на Кортни за брак, на што таа договори:
„Зошто да создаваме проблеми? Среќна сум со сегашната ситуација“.
Истата година парот соопшти дека очекуваат уште едно дете – ќерката Пенелопе. Тогаш Кортни и отворено прозборе зошто не сакала да се венча со Скот.
„Сфатив дека имам проблеми со приврзување. Многу сум клаустофобична и сите мои проблеми – а ги имам многу – потекнуваат од ништо. Не можам целосно да му се посветам на Скот… но сепак го сакам и тој е мој партнер“.
Две години подоцна Кортни и Скот го добија третото дете – синот Рејн – а тој период Кортни сподели дека сака да има многу деца.
Во 2015-та во јавноста се појавија фотографии од Скот и негова бивша девојка, по што парот раскина уште еднаш, а Скот замина на рехабилитација поради проблемите со дрогата и алкохолот.
Кортни и Скот никогаш повторно не ја обновија 9-годишната романса, но заедно се грижат за нивните деца и Скот редовно се појавуваше во шоуто на Кардашијанс.
И двајцата велеа дека се во одличен однос и дека им се допаѓа начинот на којшто се грижат за нивните деца. Ова траеше сè додека Кортни не почна да се гледа со Тревис.
На следната страна прочитајте за скандалите кои Скот ги прави за однесувањето на Кортни и Тревис...
Би можело да ве интересира:





