Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Меган Фокс им забранува телевизија – Познати личности чии деца мораат да следат чудни правила

Гвинет Палтроу се бањала со нејзините деца кога биле помали, додека Џенифер Гарнер е толку строга мајка, што нејзините деца ја нарекувале „змеј“ - кои други познати личности имаат чудни правила за нивните деца?

dzhenifer-lopez-megan-foks-poznati-lichnosti-chii-deca-moraat-da-sledat-chudni-pravila-01.jpg

Секој родител знае што е најдобро за неговото дете, но некои правила што ги поставуваат познатите личности можат да им звучат чудно на повеќето.

9 познати личности чии деца мораат да почитуваат необични правила:

Џенифер Лопез

Познатата пејачка има две биолошки деца со поранешниот сопруг Марк Ентони – близнаците Еме и Макс.

Пред неколку години, таа откри дека нејзините деца мора да следат едно важно правило:

„Од понеделник до петок, не смеат да користат таблети и не смеат да играат видеоигри. Но, во недела можат да користат електронски уреди колку што сакаат. Го смислив ова правило за децата да бидат мирни“.

dzhenifer-lopez-megan-foks-poznati-lichnosti-chii-deca-moraat-da-sledat-chudni-pravila-02.jpg

Џулија Робертс

Џулија Робертс и сопругот Даниел Модер имаат три деца, а актерката има споделено дека кога биле мали, не им дозволувала да ги гледаат нејзините филмови, дури ни Mirror Mirror кој е инспириран од приказната за Снежана.

„Мислам дека не се доволно зрели за таков филм. Особено кога ќе земете предвид дека јас ја глумам лошата маќеа“, изјави актерката на премиерата на филмот.

dzhenifer-lopez-megan-foks-poznati-lichnosti-chii-deca-moraat-da-sledat-chudni-pravila-03.jpg

Кристен Бел и Дакс Шепард

Познатиот пар има две деца, а Кристен откри дека имале навистина необични правила кога тие биле помали.

На пример, тие неколкупати ја заклучувале постарата ќерка во собата навечер бидејќи правела многу врева и ја будела помалата.

„Мојата 3-годишна ќерка одлучи дека не сака да спие навечер. Па, ги вклучуваше светилките, правеше врева со мебелот и тропаше на вратата“.

Актерката се соочи со критики кога го изјави ова, по што се бранеше дека ја отклучуваат за неколку минути, односно откако ќе се смири.

Покрај тоа, Кристен и Дакс имаат изјавено дека не ги тераат децата да се бањаат редовно, освен ако не мирисаат лошо.

„Тоа е природниот знак на телото дека е време за бањање“, вели актерката.

dzhenifer-lopez-megan-foks-poznati-lichnosti-chii-deca-moraat-da-sledat-chudni-pravila-04.jpg

Меган Фокс

Познатата актерка има три деца со поранешниот сопруг Брајан Остин Грин. Таа откри дека нејзините деца можат да гледаат филмови колку што сакаат, но никако телевизија.

„Филмовите имаат почеток, средина и крај. Линеарни се и имаат јасна приказна. Ова е разликата во споредба со телевизија каде што постојано има нови програми“.

dzhenifer-lopez-megan-foks-poznati-lichnosti-chii-deca-moraat-da-sledat-chudni-pravila-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Џенифер Лоренс шета неуредна, Џоли пазари со синот копија на Бред Пит: Фото-докази дека и ѕвездите с... Џенифер Лоренс при крајот на бременоста е сосема непрепознатлива и на папарацо ф...
Актерката Ребека Гејхарт и по 24 години не може да си прости што усмрти дете: „Не сакав да живеам“ „Не сакав да живеам по несреќата во која усмртив 9-годишно момче. Поминав скоро ...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр... Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg