Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Мараја Кери го оправдува лошиот однос кон дадилките кои ја тужат: „Сестра ми ме тераше да станам проститутка, сега имам право да бидам разгалена“

Мараја Кери без двоумење ги отпушта дадилките и ги тера да работат и по 120 часа неделно. Иако некои ја имаат тужено поради ова, таа вели дека има право да се однесува разгалено поради тешкото детство – пејачката пораснала во сиромаштија и тврди дека сестра ѝ пробала да ја направи проститутка.

maraja-keri-go-opravduva-loshiot-odnos-kon-dadilkite-koi-ja-tuzhat-sestrata-me-terashe-da-stanam-prostitutka-sega-imam-pravo-da-bidam-razgalena-01.jpg

Добро познат факт е дека Мараја Кери се однесува како разгалена дива, а ни нејзините дадилки не се безбедни од нереалните барања на пејачката.

Всушност, пејачката си има заработено и неколку тужби од поранешни дадилки поради ужасните услови за работа.

Во 2019 година, Марија Бурџес ја тужеше пејачката за ниската плата и лошите услови за работа.

maraja-keri-go-opravduva-loshiot-odnos-kon-dadilkite-koi-ja-tuzhat-sestrata-me-terashe-da-stanam-prostitutka-sega-imam-pravo-da-bidam-razgalena-02.jpg

Во тужбата Марија открива дека добила отказ од пејачката во 2018 година, а споделува и неколку непријатни детали од целото искуство.

Дадилката добивала 25 долари на час за да се грижи за децата на Мараја, а притоа морала и да патува со неа на нејзините турнеи. Но, пејачката не ѝ плаќала за прекувременото работење.

Исто така, Марија имала проблем и со телохранителот на децата на Мараја – постојано ѝ викал на цел глас, па таа не се чувствувала безбедно.

maraja-keri-go-opravduva-loshiot-odnos-kon-dadilkite-koi-ja-tuzhat-sestrata-me-terashe-da-stanam-prostitutka-sega-imam-pravo-da-bidam-razgalena-07.jpg

Дадилката опишува и ситуација од 2017 година, кога се возела во автомобил со телохранителот и децата на пејачката. Тогаш телохранителот почнал да ѝ вика, па дури и да ѝ се заканува дека ќе ја остави на автопатот.

Наводно, Марија се пожалила кај пејачката, но таа не презела ништо.

И отказот што го добила дадилката бил поради телохранителот. Марија ги однела децата на час по танцување, а со нив бил и телохранителот.

Во еден миг, едно од децата излегло од салата каде што се одржувал часот, а Марија тврди дека за ова е виновен телохранителот кој постојано гледал во неговиот телефон наместо да внимава на детето.

Мараја не ја прифаќала верзијата на дадилката, па ја отпуштила.

maraja-keri-go-opravduva-loshiot-odnos-kon-dadilkite-koi-ja-tuzhat-sestrata-me-terashe-da-stanam-prostitutka-sega-imam-pravo-da-bidam-razgalena-09.jpg

Неколку години претходно, Мараја Кери заработи тужба и од друга дадилка, повторно поради работните услови.

Дадилката Симонет да Коста работела за пејачката само неколку месеци во периодот 2013-2014 година.

Според нејзината тужба, таа „се убивала“ од работа, односно неделно работела од 84 до 120 часа.

Честопати се случувало Мараја да ѝ се јави и среде ноќ, кога дадилката била дома.

maraja-keri-go-opravduva-loshiot-odnos-kon-dadilkite-koi-ja-tuzhat-sestrata-me-terashe-da-stanam-prostitutka-sega-imam-pravo-da-bidam-razgalena-03.jpg

Според Us Magazine, Симонет морала постојано да биде достапна и немала време за пауза, за јадење, па дури ни за спиење.

Симонет вели дека и без никаква причина Мараја ѝ ја намалувала платата.

На почетокот, Мараја ѝ ветила 350 долари дневно, но подоцна ѝ рекла дека ќе ѝ плаќа 3.600 долари за две недели.

maraja-keri-go-opravduva-loshiot-odnos-kon-dadilkite-koi-ja-tuzhat-sestrata-me-terashe-da-stanam-prostitutka-sega-imam-pravo-da-bidam-razgalena08.jpg

Истовремено, дадилката била постојано критикувана од Мараја бидејќи многу се зближила со децата.

На крај, кога не можела да издржи, Симонет решила да ја тужи пејачката.

Дадилката и пејачката направија спогодба, но не е познато колку пари ѝ биле исплатени на Симонет.

maraja-keri-go-opravduva-loshiot-odnos-kon-dadilkite-koi-ja-tuzhat-sestrata-me-terashe-da-stanam-prostitutka-sega-imam-pravo-da-bidam-razgalena-05.jpg

Мараја, пак, вели дека го има секое право да биде строга со дадилките и без двоумење да ги отпушта.

„За жал, морам да имам дадилки. Но, секогаш сум многу вклучена во животот на децата. Без проблем и ги отпуштам дадилките.

Не сакам да го правам ова. Но, морам кога пробуваат да го убедат моето дете дека тие се поважни за него од мене“.

maraja-keri-go-opravduva-loshiot-odnos-kon-dadilkite-koi-ja-tuzhat-sestrata-me-terashe-da-stanam-prostitutka-sega-imam-pravo-da-bidam-razgalena-12.jpg

Пејачката вели и дека нејзините нереални барања не само од дадилките, туку од сите околу неа, се оправдани бидејќи пораснала во сиромаштија.

Односно, таа смета дека заслужува специјален третман од сите поради тешкото детство.

„Знаете што? Не ми е гајле. Сакам посебен третман бидејќи го заслужувам. Можеби ова звучи арогантно, но се надевам дека ќе го земете предвид фактот дека потекнувам од сиромашно семејство.

Отсекогаш сум сакала посебен третман, само што немав кој да ми го пружи тоа додека растев!“, изјави пејачката за The Guardian.

maraja-keri-go-opravduva-loshiot-odnos-kon-dadilkite-koi-ja-tuzhat-sestrata-me-terashe-da-stanam-prostitutka-sega-imam-pravo-da-bidam-razgalena-06.jpg

Во нејзините мемоари, пак, пејачката открива дека нејзината постара сестра Алисон ја малтретирала кога била мала.

Наводно, Алисон ѝ давала дрога, ја горела со цигари, па дури и пробала да ја натера да работи како проститутка.

„Кога имав 12 години, сестра ми ми даваше валиум (дијазепам), ми нудеше кокаин, ми нанесуваше изгореници и пробуваше да ме продаде на макро“.

maraja-keri-go-opravduva-loshiot-odnos-kon-dadilkite-koi-ja-tuzhat-sestrata-me-terashe-da-stanam-prostitutka-sega-imam-pravo-da-bidam-razgalena-11.jpg

Според пејачката, дечкото на сестра ѝ бил макро на неколку проститутки, па Алисон сакала да ја продава преку него.

Во книгата, пејачката вели и дека нејзиниот татко ја малтретирал и бил насилен.

„Во детството развив инстинкт со кој препознавав дали ќе се случи нешто насилно. Не беше реткост во нашиот дом да има дупки во ѕидот или да летаат предмети на сите страни“.

maraja-keri-go-opravduva-loshiot-odnos-kon-dadilkite-koi-ja-tuzhat-sestrata-me-terashe-da-stanam-prostitutka-sega-imam-pravo-da-bidam-razgalena10.jpg

Пејачката смета дека сето ова негативно искуство ѝ дава право сега, откако успеала во животот, да се однесува како разгалена дива.

Од друга страна, сестра ѝ Алисон тврди дека всушност таа била малтретирана од Мараја, но и до нивната мајка.

Пред две-три години, Алисон поднесе тужба според која нејзината мајка им дозволувала на мажи да имаат секс со неа кога имала само 10 години. Истовремено, мајка ѝ била дел од сатанистички култ, а средбите се одржувале во нивниот дом.

maraja-keri-go-opravduva-loshiot-odnos-kon-dadilkite-koi-ja-tuzhat-sestrata-me-terashe-da-stanam-prostitutka-sega-imam-pravo-da-bidam-razgalena-04.jpg

Наводно, поради ова, Алисон развила анксиозност, посттрауматско стресно нарушување и анксиозност. Па, со цел да ги потисне лошите сеќавања, таа почнала да користи наркотици.

Не е познато дали Алисон ја зборува вистината, ниту дали е преземено нешто во врска со тужбата.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Таа ме тепаше, а потоа велеше дека ќе се самоубие ако си заминам“ - Видео од сведочењето на Џони Де... „Кога татко ми нè напушти мајка ми се обиде да се самоубие, се плашев дека и Амб...
Го засени и Дејвид Бекам на Вимблдон – Која е убавата Морган Ридл и како го украде шоуто на трибинит... „За време на целиот пренос Дејвид Бекам го покажаа само 4 пати, а Морган Ридл 87...
Адам Левин ја изневерувал бремената сопруга со 23-годишна девојка - сака да го крсти детето по неа, ... Адам Левин кој го чека третото дете со сопругата Бехати Принслу наводно имал афе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg