Важеше за секс симбол, а заради ментална болест се повлече од јавноста - Каде е и што прави денес Ким Бесинџер?
По првиот брак имаше повеќе краткотрајни врски, меѓу кои и со пејачот Принц, сѐ додека во 1990-та година не го запозна Алек Болдвин.
Бесинџер и Болдвин стапија во брак во 1993-та година и заедно ја добија ќерката Ирланд. Иако многумина тврдат дека тој бил љубовта на нејзиниот живот тие се разведоа во 2002-ра година.
Нивниот развод беше проследен во медиумите заради јавните препукувања и борбата за старателство над Ирланд. Парот потроши над 3 милиони долари за правно застапување и по неколку години добија заедничко старателство.
„Со Алек честопати се случуваше да не можевме да се согласиме за многу работи. Тој е тежок човек и животот со него беше предизвик“ – рече Ким.
По разводот со Алек, Ким играше во филмот 8 Мile со Еминем и се ширеа гласини дека имала афера со познатиот рапер. Тоа е период во кој повторно западнала во депресија и почнала масовно да оди на пластични операции.
По ова имаше неколку улоги во други филмови, а во 2018-та година се појави во филмот „50 нијанси потемно“.
Таа неодамна гостуваше во емисија кај Џејда Пинкет каде за првпат отворено говореше за борбата со паничните напади и агорафобијата, односно стравот од излегување надвор.
„Тоа е како нешто целосно да те затвора и повторно мораш да научиш сѐ одоново. Јас морав да научам одново да возам“ – открива Ким.
-->
-->
-->
Денес Ким се труди да живее повлечен живот и многу ретко се појавува во јавноста, а на ретките папараци фотографии веќе и не наликува на себеси. Таа тврди дека ќерка ѝ Ирланд најмногу ѝ помогнала да се избори со сопствените психички предизвици.
Б. С. Б. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Пред 20 години стана татко, па призна дека е геј - Се сеќавате ли на Данкан Џејмс од Blue?
За многумина најубавиот член на британскиот бенд Blue отсекогаш бил Данкан Џејмс...

Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери)
Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...

Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“
Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес...
Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели...
По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...

Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ...
„Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...