Сем Смит во бизарен светкав комбинезон на божиќен настап, по разголената фотосесија со крзно (фото)
- Детали
- понеделник, 12 декември 2022
„Што се случува со Сем Смит?“, „Ми недостасува стариот Сем“ – се дел од коментарите на Твитер по бизарните појавувања на пејачот во светкав комбинeзон, откако претходно позираше речиси гол, со крзно на мотоцикл.
Британскиот пејач и текстописец Сем Смит веќе цела деценија постои на музичката сцена, а најпознат стана по хитовите „Money on my Mind“, „Stay with Me“, „Writings on the Wall“ која е тематска песна за филмот на Џејмс Бонд, Spectre (2015) и уште многу други во последниве неколку години.
Во 2014-та јавно призна дека е геј, подоцна изјави дека се чувствува како жена исто толку колку што е маж, а во 2019-та се декларираше како небинарен род и изјави дека наместо со тој/него, сака да му се обраќаат со тие/нив.
Во последно време, Сем освен со музичките хитови, внимание привлекува и со своите аутфити, а фановите имаат поделени мислења за последното појавување во сребрен, светкав комбинезон на новогодишен концерт.
„Што се случува со Сем Смит? / Не зборуваме доволно за тоа колку е згоден Сем Смит“ / „Сем има многу талент во себе, но оваа фотографија промени нешто во мојот мозок“ / „Што се случи со Сем Смит? Порано изгледаше елегантно, сега изгледа грозно“ / „Ми недостасува стариот Сем Смит“ - гласат дел од коментарите на Твитер.
Сепак, помеѓу бројните критики, се наоѓаат и пофални зборови за пејачот на Твитер, меѓу кои некои го бранат неговиот последен аутфит, споредувајќи го со слично појавување на Хари Стајлс, за кое наводно не се кренало толку фама, а други велат дека е слатка личност.
Претходно Сем објави фотосесија во која носи само долна облека и крзнена наметка и позира на мотоцикл.
Како изгледаше Сем некогаш:
Повеќе фотки од Сем Смит денес:
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





