Кејт и Вилијам со идните наследници лежерни во тексас на новата божиќната честитка – одговорија на обвинувањата на Меган

Целото семејство е на прошетка во Норфолк, омиленото место на принцезата од Велс, а сите се во неформално издание – Кејт и Вилијам го објавија портретот што ќе се најде на нивната божиќна честитка, а според твитерџиите ова е одговор на обвинувањата на Меган.

kejt-i-vilijam-vo-novata-bozhikjna-chestitka-odgovorija-na-obvinuvanjata-na-megan-celoto-semejstvo-nosi-djins-foto-01.jpg

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам го открија новиот портрет на кој се заедно со нивните три деца, принцот Џорџ (9), принцезата Шарлот (7) и принцот Луи (4), а што годинава ќе биде искористен за божиќната честитка.

На портретот може да се види семејството како фатено за рака ужива во летна прошетка во Норфолк, каде се верува дека Кејт се чувствува најубаво.

Она што привлече особено внимание е што целото семејство е во неформално издание и сите на себе носат тексас, а за потсетување, на членовите на кралското семејство им е дозволено да носат фармерки само на неформални настани: додека се на поло натпревари, ако ги шетаат кучињата или слично.

Прочитајте и Вилијам и Кејт со нова семејна фотографија за Божиќ – децата ја посетија земјата каде растела нивната мајка

Неодамна и Меган Маркл во документарниот филм Harry and Meghan коментираше дека Вилијам и Кејт ѝ забележале затоа што била несоодветно облечена на нивната прва заедничка вечера:

„Дури кога и Вил и Кејт дојдоа на вечера и ги сретнав за првпат се сеќавам дека носев искинати фармерки и дека бев боса. Значи јас сакам да гушкам, отсекогаш сум сакала да се гушкам и не сфаќав дека тоа е толку одбивно за голем број Британци.

Почнав да сфаќам дека формалноста однадвор веќе е дел од нивниот карактер“ – рече меѓу другото Меган во документарниот филм насловен Harry and Meghan.

kejt-i-vilijam-vo-novata-bozhikjna-chestitka-odgovorija-na-obvinuvanjata-na-megan-celoto-semejstvo-nosi-djins-foto-02.jpg

Голем број од твитерџиите коментираат дека ова е мошне убава фотографија, што ги потсетува на некои „посончеви“ денови, а други пак сметаат дека на овој начин Кејт и Вилијам ѝ одговориле на Меган за обвинувањата дека тие двајца не ја прифатиле затоа што носела фармерки.

Прочитајте и Ги стиска забите и незадоволно гледа во неа – Дали Меган успеа видно да го вознемири Хари со непочитта кон баба му Елизабета? (видео)

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кејт Мос (50) - пијана, Деми Мур (61) - без грам шминка: Фото докази дека и ѕвездите се само „обични... Кети Пери се шета во тренерки, бившиот на Џенифер Анистон си пие вино со новата ...
Кејт Мидлтон: „Конечно завршив со хемотерапија по 9 тешки месеци, ракот е страшно патување“ „Како што се наближува крајот на летото не можам, а да не ви кажам какво олеснув...
Меган Маркл издоминира во кул аутфит, со принцот Хари покрај себе, на настан во Њујорк (фото) Хари ја игра улогата на посветен сопруг, а самоуверената Меган повторно е во цен...
Меган Фокс се породи - Доби ќерка со Машин Ган Кели, среде љубовните драми и неговите контакти со др... Машин Ган Кели објави видео како со налакирани, излупени нокти ја гали новороден...
Кејт Мидлтон и Вилијам уловени во романтично издание на настан - таа модно издоминира како некогаш По гласините за проблеми во бракот и борбата на Кејт со ракот, парот блеска како...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg