Кога се запознале тој чекал дете од друга жена, молчи за неговите скандали – Факти за бракот на Салма Хајек и сопственикот на Balenciaga
Пино и Салма се запознале на гала вечера организирана во Palazzo Grassi која е во сопственост на семејството Пино.

Салма може да се пофали дека имала 3 свадби: една во Париз, втора во најстарата оперска куќа во Европа, La Fenice во Венеција и трета на Бора Бора.

Пред да биде во врска со Салма, Пино бил во брак со дизајнерката Дороти Лепер (53) со која има две деца, а од врската со моделот Линда Евангелиста го доби синот Аугустин. Аугустин бил роден во истиот период кога Франсоа почнал да се гледа со Салма во 2006-та година.

Франсоа и Линда водеа судска битка, во која поранешната манекенка од францускиот бизнисмен бараше да ѝ плаќа алиментација во износ од 46.000 долари месечно. Франсоа тогаш рече дека неговиот син е прифатен во неговото семејство и дека тој целосно ја прифатил одговорноста како татко.

Во сите скандали Салма секогаш е до него, па во една прилика рече дека тајната за нивниот среќен брак е тоа што постојано се поддржуваат.
„Никогаш не сме упатиле погрден збор еден кон друг. Не постои презир помеѓу нас“ – рече таа во една прилика.

Дали последниот скандал со неговиот бренд ќе успее да го разниша нивниот брак или парот одлучил да не коментира за настаните додека не се смират страстите околу контроверзната реклама, останува да видиме.

Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн...
Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи...
„Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли...
Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн...
„Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Имал афери со мажи, добил 11 деца од неколку жени: Бурниот љубовен живот на Марлон Брандо
Марлон Брандо се венчал трипати, а додека бил во брак, секогаш имал и љубовници....
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н...
Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...