Се откажа од кариерата заради него, а тој и по 21 година не ги трга рацете од неа – Љубовната приказна на Марк Валберг и Риа Дурам
Во 2003-та година тие ја добија ќерката Ела Рае, а потоа добија уште три деца, синовите Мајкл (16) и Брендан (14) и ќерката Грејс (10).
Парот стапи во брак дури откако го добија четвртото дете. Марк и Риа имаа мала свадбена церемонија во католичка црква во Беверли Хилс, на која присуствуваа децата, најблиските роднини и пријатели.
Валберг според Forbes поседува богатство од 420 милиони долари, но тој вели дека заедно со сопругата се трудат да ги научат нивните деца да бидат што е можно поскромни.
„Она што најмногу ме загрижува е тоа што јас брзо успеав да ја променам судбината, како дете немав ништо, а сега имам сè за да им понудам на моите деца и се грижам дека тие нема да знаат да ги ценат работите.
Се грижам дека ќе станат вообразени. Не сакате да им дадете на своите деца сè без прво да ги научите како да бидат добри луѓе“ – вели тој.
Марк и Риа се посветени на нивните деца, а многу ретко јавноста има можност да ги види нивните фотографии. Парот се труди колку е можно повеќе да ја сочува приватноста.
Б. С. Б. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ...
Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...

Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“
Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес...
Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр...
Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...

Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ...
„Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес
Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...
-->
-->