Беа во одлични односи, но по разделбата со Пике, Шакира ѝ објави војна на мајка му – Зошто?

„Не може да ѝ прости што ја поддржа аферата на синот со новата девојка, па сега се одмаздува“ - На овој начин шпанските медиуми го опишуваат односот што Шакира го има со мајката на нејзиниот поранешен партнер. Пејачката ја прозва свекрвата во својата најнова песна, а сега и физички одлучи да се огради од нив.

stavi-kukla-od-veshterka-kreva-dzid-megju-dvata-imoti-zoshto-shakira-ne-mozhe-da-i-prosti-na-svekrvata-i-i-objavi-vojna-01.jpg

Колумбиската пејачка Шакира по разделбата со Жерар Пике очигледно е во војна со поранешната свекрва, докторката Монтсерат Бернабеу.

По веста за разделбата од Пике, шпанските медиуми пишуваа дека Шакира планира заедно со децата да се пресели во Мајами, но таа и понатаму е во Барселона, во куќата каде што живееше со фудбалерот и каде што први соседи ѝ се неговите родители.

Откако ја објави својата нова песна „Music Sessions #53“ која важи за „одмаздничка“ песна, не стивнуваат пишувањата за наводна војна меѓу Шакира и мајката на Пике, Монтсерат Бернабеу.

„Ме остави да живеам како сосетка на свекрвата, со новинарите пред врата и долг кон властите“ – вели во еден стих од песната, Шакира.

https://www.youtube.com/watch?v=kMWbLejqWho

Набрзо по објавувањето на најновата песна, за која се шпекулира дека ја напишал нивниот постар син Милан (9), беше објавено уште едно видео од домот на Шакира во кое се гледа дека на балконот на познатата пејачка е поставена кукла во облик на вештерка, а во позадина на цел глас ечи новата песна, посветена на нејзиниот поранешен партнер.

Освен тоа, порталот Marca објави видео на кои се гледа дека Шакира има во план целосно да се огради од родителите на нејзиниот поранешен партнер, па затоа викнала градежна компанија да постави ѕид на оние места каде што двата имоти се споени.

Фотографиите и видеата од мешалките за бетон се објавени речиси во сите светски медуми.

Инаку, претходно Шакира и Монтсерат беа во одлични односи и честопати си упатуваа комплименти една за друга во медиумите, но колумбиската пејачка очигледно не може да ѝ прости на свекрвата за тоа што од самиот почеток ја поддржала аферата на Пике со неговата 23 годишна девојка Клара Чиа. 

stavi-kukla-od-veshterka-kreva-dzid-megju-dvata-imoti-zoshto-shakira-ne-mozhe-da-i-prosti-na-svekrvata-i-i-objavi-vojna-03.jpg

Посебно ако се земе предвид дека неодамна се дозна дека аферата на Жерар Пике и Клара Чиа траела многу подолго отколку што претходно се мислеше и љубовницата редовно била гостин во неговиот дом, кога пејачката била на турнеи и патувања.

Според пишувањата во медиумите, пејачката сфатила дека партнерот ја изневерил откако видела дека некој ѝ го изел џемот од јагоди.

stavi-kukla-od-veshterka-kreva-dzid-megju-dvata-imoti-zoshto-shakira-ne-mozhe-da-i-prosti-na-svekrvata-i-i-objavi-vojna-02.jpg

Очигледно пејачката смета дека родителите на фудбалерот знаеле за аферата на нивниот син, но молчеле.

Прочитајте и Како мал бил во кома, поранешната девојка ја изневерил со Шакира – Факти за Жерар Пике

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

2 години по разделбата со Пике, Шакира не се помирува: „Жртвував толку многу за него“ Шакира најавува нова песна која повторно му е посветена на Пике, а во изјава за ...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
Жерар Пике наводно ќе ја најави свршувачката со Клара на свадбата на брат му + нови папарацо фотки о... Според шпанските медиуми, Жерар Пике и Клара веќе се верени, а фудбалерот планир...
„Карма, Шакира сигурно се смее“ – Жерар Пике стана хит на Твитер откако беше снимен како паѓа од сце... „Ова е Карма“, „Сигурно Шакира ова му го намести“ – велат твитерџиите, откако на...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
Ратајковски гола како од мајка родена, Миа Костова – горда на синот: Како славните го одбележаа Дено... „Мама... и ден денес меша прсти и се грижи за секој мој чекор... мојата прекрасн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg