Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
АРХИТЕКТ 30-01-2023


Доџа Кет обоена во црвено, со 30.000 Сваровски кристали на телото, за ревија во Париз + хит мемиња за бизарниот стајлинг

На Модната недела во Париз, Доџа Кет се појави во најбизарното издание досега – беше обоена со црвена боја, а на телото имаше 30.000 Сваровски кристали. Додека некои се воодушевени од нејзиниот стајлинг, други веќе почнаа да прават мемиња.

dodzha-ket-na-modnata-nedela-vo-pariz-oboena-vo-crveno-so-30-000-svarovski-kristali-na-teloto-najsmeshnite-meminja-za-bizarniot-stajling-001.jpg

Доџа Кет е позната по впечатливите, а некогаш и бизарните модни изданија, но дефинитивно се надмина себеси на Модната недела во Париз.

Во понеделникот, 27-годишната пејачка се појави на модна ревија на брендот Schiaparelli со црвен корсет, црвено здолниште и црвени чизми.

Нејзиното тело, вклучувајќи ја и главата, беше обоено со црвена боја и прекриено со 30.000 Сваровски кристали.

dodzha-ket-na-modnata-nedela-vo-pariz-oboena-vo-crveno-so-30-000-svarovski-kristali-na-teloto-najsmeshnite-meminja-za-bizarniot-stajling-03.jpg

dodzha-ket-na-modnata-nedela-vo-pariz-oboena-vo-crveno-so-30-000-svarovski-kristali-na-teloto-najsmeshnite-meminja-za-bizarniot-stajling-06.jpg

Доџа Кет носеше и големи обетки со рубин, како и долг црвен сатенски шал.

dodzha-ket-na-modnata-nedela-vo-pariz-oboena-vo-crveno-so-30-000-svarovski-kristali-na-teloto-najsmeshnite-meminja-za-bizarniot-stajling-04.jpg

dodzha-ket-na-modnata-nedela-vo-pariz-oboena-vo-crveno-so-30-000-svarovski-kristali-na-teloto-najsmeshnite-meminja-za-bizarniot-stajling-05.jpg

Според мејк-ап артистот кој работел на бизарното издание на Доџа Кет, целиот процес траел околу пет часа.

„Соработката со неспоредливо талентираната Доџа Кет беше вистинско задоволство. Нејзината трпеливост да седи 4 часа и 58 минути за оваа креација, додека рачно ѝ ставаа 30.000 Сваровски кристали, беше навистина инспиративна“, вели тој за Vogue.

И минатата година на Модната недела во Париз пејачката се појави во слично издание.

Тогаш носеше кариран костим и бунда, а лицето и деколтето ѝ беа обоени со златна боја.

dodzha-ket-na-modnata-nedela-vo-pariz-oboena-vo-crveno-so-30-000-svarovski-kristali-na-teloto-najsmeshnite-meminja-za-bizarniot-stajling-02.jpg

Покрај Доџа Кет, и Кајли Џенер се појави со бизарен стајлинг - младата богаташка носеше црн фустан со огрмна глава на лав.

Додека на социјалните мрежи многумина се воодушевени од стајлингот на пејачката, постојат и оние кои го искористија моментот да се пошегуваат на нејзина сметка:

„Јас додека ги следам трагите од црвени Сваровски кристали за да ја најдам Доџа Кет“.

„Не можам да престанам да мислам на ликот од Powerpuff Girls секојпат кога ќе ја видам Доџа Кет“.

„Стајлингот на Доџа Кет на Модната недела во Париз е инспириран од овие бонбони“.

„Кечап Доџа“.

„Иста енергија“

„Доџа Кет на Модната недела во Париз“

„Кајли Џенер кога Доџа Кет се појави на ревијата“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пред Марко Јариќ била во врска со Лени Кравиц, тврди дека невиноста ја загубила на 27 години – Факти... Сосема случајно на 15 години победила на натпревар за убавина, никогаш не сакала...
Бизарни диети и трикови на познатите за здравје и слабеење – зошто не треба да ги пробувате? Елвис Присли спиел по 10 часа и повеќе за да ослаби, а рагбистот Том Брејди вели...
Кети Пери ги разгоре теориите на заговор дека е клон - не може да си го отвори окото на настап: „Нек... „Клонот се расипа. Следниот пат направете надградба на софтверот“, е еден од бро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg