На Хари Стајлс му се скинаа панталоните на сцена и уште 6 ѕвезди кои имаа засрамувачки инциденти со облеката (видео)
- Детали
- сабота, 11 февруари 2023
На Хари Стајлс му се скинаа кожните пантолони, па со крпа ја криеше машкоста, на Парис Хилтон ѝ се случи да облече две различни чевли, а Камила Кабејо ги покажа градите на телевизија – верувале или не и на славните може да им се случат инциденти со облеката.
Славните личности секогаш изгледаат совршено, иако многупати не се согласуваме со нивниот моден избор, но понекогаш може да им се случи и тие да се засрамат со некој инцидент на сцена.
Хари Стајлс пееше во Калифорнија кога доживеа инцидент со кожените панталони на сцената. Тој се наведна на колена, но не очекуваше дека ќе му се скинат.
Потоа искористи едно од знамињата за да се покрие:
Сличен инцидент им се случил и на други ѕвезди додека настапувале на сцена.
Погледнете дел од нив во продолжение:
На Lil Nas му се скинаа пантолоните додека танцуваше на шипка
Парис Хилтон носеше две различни чевли во гостување на емисија
Ники Минаж во 2014-та мораше да го држи фустанот, откако ѝ пукна патентот
На Камила Кабејо ѝ излезе градата додека гостуваше во британската емисија The One Show
Кортни Кардашијан се фотографираше со сестра ѝ Кајли Џенер, па покажа повеќе отколку што треба
Мајли Сајрус за малку ќе го изгубеше топот додека настапуваше за Нова година во 2021-ва
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





