Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како изгледаат и што прават денес актерите од серијата „Седмо небо“?

Дејвид Галагер

Дејвид го глумеше Сајмон Камден – едниот од браќата.

По крајот на „Седмо небо“, тој продолжи да се појавува во други популарни серии, како Bones, The Vampire Diaries и Criminal Minds.

Исто така, тој го позајми гласот за лик од франшизата видеоигри Kingdom Hearts.

Актерот не бил во брак и нема деца.

kako-izgledaat-i-shto-pravat-denes-akterite-od-serijata-sedmo-nebo-06.jpg

Никола и Лоренцо Брино

Никола и Лоренцо ги глумеа најмладите членови на семејството Камден – близнаците Дејвид и Сем.

Интересно е што Никола и Лоренцо се всушност четворка и додека се бебиња во серијата, се појавувале сите четворица.

Сепак, подоцна улогите им останаа само на Никола и Лоренцо.

Тие не ја продолжија актерската кариера по серијата, а во 2020-та, Лоренцо загина во сообраќајна несреќа.

kako-izgledaat-i-shto-pravat-denes-akterite-od-serijata-sedmo-nebo-07.jpg

Кетрин Хикс

Кетрин ја глумеше мајката Ени.

Покрај „Седмо небо“, таа е најпозната по улогата на Мерилин Монро во филмот Marylin: The Untold Story, за која доби и номинација за Еми.

Таа се има појавено и во други филмови, како The Dog Who Saved Easter.

Кетрин е во брак со Кевин Јагер уште од 1990 година, со кого има и ќерка.

kako-izgledaat-i-shto-pravat-denes-akterite-od-serijata-sedmo-nebo-08.jpg

Стивен Колинс

Стивен го глумеше таткото свештеник кој беше и глава на семејството Камден.

По крајот на „Седмо небо“, тој се појави во неколку серии, како Private Practice и The Fosters.

Неговата позначајна и последна улога беше позајмување на гласот во анимираната серија Avenger Assemble.

Талентот на Стивен беше засенет од неговото мрачно минато – во 2014 година, тој призна дека сексуално нападнал три малолетни девојки.

Во 2015-та се разведе од тогашната сопруга и подоцна се венча со жена која била негов огромен обожавател.

Моментално живее настрана од јавноста и тврди дека работи на себе и грешките од минатото.

kako-izgledaat-i-shto-pravat-denes-akterite-od-serijata-sedmo-nebo-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...
Глумеше Бонд девојка, беа во брак 14 години - Која е втората (заборавена) сопруга на Ричард Гир? По долги години љубов и по раѓањето на нивниот син, Ричард Гир се ожени со Кери ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg