Се прослави со голите гради во песната „Boys“, се бореше со депресија: Сабрина Салерно на 55 години е секс-симбол
Сабрина стана секс симбол не само на Италија, туку и на целиот свет. Брзо по објавувањето на спотот еден француски магазин ја прогласи за најубава жена на светот.
Во 1980 година победи на натпревар за убавина и тоа ја поттикна да се занимава со манекенство. Сликаше за најпознатите италијански списанија, а фотографиите ги преземаа и европските медиуми.
Покрај пеењето и манекенството, Сабрина се занимаваше и со глума, а беше и водителка на телевизија.
Во 1987 година таа го издаде својот прв албум „Сабрина“. Но албумот доживеа фијаско, а таа се скара со менаџерите поради пари.
Тоа ја натера да се повлече од сцената. Живееше на село и неколку години ја немаше во јавноста. А кога повторно се врати, призна дека се борела со депресија, од која едвај се повратила.
Во 2010 година уште еднаш се проба како пејачка и сними дует со американската пејачка Саманта Фокс, преработка на хитот на Блонди „Call me“. А бидејќи Сабрина често ја нарекуваа „италијанската Саманта Фокс“, оваа соработка привлече големо внимание.
Денес Салерно работи како ТВ-водител, а повремено ја ангажираат и како манекенка, па слика мнодни едиторијали за италијанските списанија.
-->
-->
Во 2006 година се омажи за Енрико Монти, со кого го има синот Лука Мариа Монти.
-->
Активна е и на Инстаграм, каде што ја следат 1.3 милиони луѓе. Таму секојдневно објавува слики и видеа, некои од нив многу попровокативни од сликите од спотот за „Boys“ што ја прослави пред 36 години.
Својата витка линија ја одржува со вежбање до четирипати неделно и со правилно јадење. Вели дека консумира многу малку јаглехидрати, но дека ужива во големи количини овошје и зеленчук.
А. Ј. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:

Пред 20 години стана татко, па призна дека е геј - Се сеќавате ли на Данкан Џејмс од Blue?
За многумина најубавиот член на британскиот бенд Blue отсекогаш бил Данкан Џејмс...

Ким Катрал (68) сексапилна на настан во кожен аутфит со 53-годишниот партнер (фото)
Во една пригода Ким Катрал изјави дека одлучила да нема деца, поради пренапорнио...

8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините
Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...

6 години ја криеја врската, се венчаа дури откако добија деца: Љубовната приказна на Двејн Џонсон и ...
Бракот на Двејн Џонсон и сопругата Лорен важи за еден од најстабилните во Холиву...

Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“
Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...

Долф Лундгрен, познат по улогата во Rocky, го победи ракот на белите дробови по 9 години: „Бев сигур...
На актерот Долф Лундгрен му рекле дека има 2, најмногу 3 години живот поради рак...