Силувал 12 годишно девојче, бил 1 година во затвор – Најскандалозниот учесник на Олимпијадата во Париз

Откако беше осуден за силување, доби 4-годишна затворска казна, но помина само 13 месеци во затвор. Скандалот во кој се најде холандскиот одбојкар Стивен ван дер Велде со години го следи, каде и да се појави.

siluval-12-godishno-devojche-bil-1-godina-vo-zatvor-najskandalozniot-uchesnik-na-olimpijadata-vo-pariz-01.jpg

Со почетокот на Олимпијадата во Париз, голема прашина се крена околу присуството на холандскиот одбојкар Стивен ван дер Велде (29), кој ќе настапи како дел од националниот тим, а важи за најскандалозниот спортист што годинава ќе се појави таму.

Љубителите на спортот во голема мера го осудуваат неговото присуство, а претставниците на неговиот национален Олимпискиот Комитет велат дека тој заслужува втора шанса во животот.

siluval-12-godishno-devojche-bil-1-godina-vo-zatvor-najskandalozniot-uchesnik-na-olimpijadata-vo-pariz-04.jpg

Но, без разлика на поделените мислења, тој годинава ќе има можност да настапува пред Ајфеловата кула во срцето на Париз, додека го гледа публиката од целиот свет.

Кој е Стивен ван дер Велде и зошто неговото присуство е скандалозно, според многумина?

Стивен ван дер Велде е холандски одбојкар, роден во 1994-та, кој во 2016-та беше осуден на 4-годишна затворска казна откако призна дека силувал 12-годишно девојче. Сепак, тој помина само 13 месеци во затвор.

Во периодот кога имал 19 години, во 2014-та, Стивен го запознал девојчето од Лондон преку Фејсбук.

Нивната комуникација започнала кога девојчето му пратило покана за пријателство и му се претставила како 16-годишна девојка.

siluval-12-godishno-devojche-bil-1-godina-vo-zatvor-najskandalozniot-uchesnik-na-olimpijadata-vo-pariz-02.jpg

Дури и откако дознал дека таа има само 12 години, Стивен не сакал да го прекине контактот.

По долгите разговори на социјалните мрежи, на 2-ри август 2014-та година, тој со авион отпатувал од Холандија во Лондон за да се запознае лично со девојчето.

Тој ден девојчето им рекло на родителите дека ќе преспие кај другарка, па се обидело да резервира хотелска соба за да преспијат со Стивен.

Но, откако не успеала да најде соба, двајцата заминале во паркот Furzton Lake, каде пиеле алкохол и таа му понудила орален секс. По ова, заедно преспале под скалите на хотелот во близина.

siluval-12-godishno-devojche-bil-1-godina-vo-zatvor-najskandalozniot-uchesnik-na-olimpijadata-vo-pariz-09.jpg

Следниот ден, кога девојчето знаело дека нејзините родители не се дома, го однела Стивен во семејниот дом и имале односи во собата на сестра ѝ.

Пред да се врати дома во Холандија, Стивен го советувал девојчето да земе контрацептивна пилула за ден-потоа, затоа што не користеле заштита, но токму тоа довело до моментот Стивен да биде уапсен и да се најде среде скандал.

siluval-12-godishno-devojche-bil-1-godina-vo-zatvor-najskandalozniot-uchesnik-na-olimpijadata-vo-pariz-05.jpg

Девојчето самостојно посетило клиника за да ги добие лековите, но медицинскиот персонал веднаш ги повикал нејзините родители, по што тие ја повикале и полицијата и почнал да се гради случајот против него.

Во меѓувреме, Стивен ја градел својата одбојкарска кариера и во 2015-та година, кога требало да се натпреварува на Олимпијадата во Рио, тој бил уапсен со обвинение дека обљубил дете.

siluval-12-godishno-devojche-bil-1-godina-vo-zatvor-najskandalozniot-uchesnik-na-olimpijadata-vo-pariz-03.jpg

Тој го признал делото и добил 4-годишна затворска казна, но одлежал само 13 месеци. Првите 12 месеци ги одлежал во затвор во Велика Британија, а потоа бил префрлен во Холандија, каде повторно му било судено и според нивните закони, добил само 1 месец казна.

Стивен сѐ уште се наоѓа во Регистарот на сексуални престапници во Велика Британија, а тој во повеќе наврати се огласил и рекол дека се кае за одлуките што ги донел кога бил многу млад.

Според пишувањата во медиумите, неговата жртва чувствувала толку голема грижа на совест кога бил уапсен што почнала сама да си нанесува повреди.

siluval-12-godishno-devojche-bil-1-godina-vo-zatvor-najskandalozniot-uchesnik-na-olimpijadata-vo-pariz-07.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна ... Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, ...
Се запознале како тинејџери, имаат 4 сина - Љубовната приказна на Зинедин Зидан и сопругата е како б... „На 6 февруари ја запознав мојата сопруга во Кан, врнеше снег. Го изгубив часовн...
Мајка му го родила на 16, татко му собирал ѓубре од улица за да преживее - Што знаеме за Ламин Јамал... Пред да се роди Јамал, татко му работел секаква физичка работа, а собирал и ѓубр...
Николета е најзгодната црногорска спортистка - мами воздишки со долгите нозе и полните усни Црногорката Николета Перовиќ е причината поради која многу мажи во Италија (каде...
Михаел Шумахер веќе не е врзан за кревет - Што знаеме за неговото здравје 12 години по несреќата? Светскиот шампион во формула 1, Михаел Шумахер (57), на 29 декември 2013 година ...
„Ме силуваа 2 недели пред да освојам злато во Пекинг“ - Параолимпијка откри зошто се парализирала пр... „Однадвор бев успешна спортистка која освојува сè што може да се замисли, но збо...

Најчитани неделава