Ервин Цого испиша историја во македонскиот баскет, стана првиот Македонец кој настапил на World Tour 3x3

„Нема поголема чест од ова. Отсекогаш сум сакал да играм на World Tour, но никогаш не сум помислил дека ќе играм за една од 20-те најсилни екипи во светот“, вели Ервин Цого, првиот Македонец кој играл на овој турнир.

ervin-cogo-ispisha-istorija-vo-makedonskiot-basket-stana-prviot-makedonec-koj-nastapil-na-world-tour-3x3-01.jpg

Ервин Цого викендов настапуваше на World Tour 3x3 во Лозана и со тоа официјално стана првиот македонски баскетџија кој се натпреварувал на најсилното светско натпреварување во 3х3.

ervin_cogo-04_copy.jpg

Тој настапи со екипата на Fribourg, односно со момците на кои им е селектор во репрезентацијата на Швајцарија, а со кои одлично се познава и функционира.

ervin_cogo-03_copy.jpg

„Нема поголема чест од ова. Отсекогаш сум сакал да играм на World Tour, но никогаш не сум помислил дека ќе играм за една од 20-те најсилни екипи во светот“, вели Цого.

ervin_cogo-01.jpg

Македонецот, кој во јуни 2023 се прости од репрезентативниот дрес, сепак не се откажува од баскетот.

„Тука сум нон-стоп, тренирам секој ден. Годинава играв Super Quest, во швајцарската лига 3x3 и, еве, сега, World Tour.

Не знам како ќе биде понатаму, само знам дека од среда (21.08) ќе играме Европско првенство во Виена со истите тие дечки на кои сум им селектор“, додава Цого.

ervin_cogo-02.jpg

Пред враќањето на 3х3, на почетокот на годинава, Ервин беше во Македонија, па во тој период настапуваше во КК Вардар и одигра неколку натпревари за оваа кошаркарска екипа.

ervin_cogo-05.jpg

Лани во декември, пак, Цого ја доби наградата Најдобар играч во 3х3 за 2023, на изборот организиран од КФМ.

ervin_cogo-06.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Со тенис ја „заразил“ брат ѝ, пред 1 месец почина татко ѝ - Што знаеме за Лина Ѓорческа, нашата тени... Историскиот успех на Лина има и малку „горчлив вкус“ за неа, бидејќи нејзиниот т...
Николета е најзгодната црногорска спортистка - мами воздишки со долгите нозе и полните усни Црногорката Николета Перовиќ е причината поради која многу мажи во Италија (каде...
Норвешки олимпиец во живо призна дека ја изневерил девојката и се расплака: „Се надевам ќе ми прости... „Постои некој со кого сакав да го споделам ова, а можеби денес не ме гледа. Пред...
Обвинувања за украден дечко, јавни навреди - Како Серена Вилијамс и Марија Шарапова од ривалки стана... Пред само неколку дена руската тенисерка Марија Шарапова влезе во Куќата на слав...
Популарни, згодни, успешни - Кои се сопругите и девојките на фудбалерите што ќе играат на Светско 20... Помина времето кога партнерките на фудбалерите беа познати само поради врската с...
ЕМОФ Скопје 2025: Бреслиева остана без медал во таеквондо, Смилев осми во финалето на К1-слалом На четвртиот натпреварувачки ден, двете македонските репрезентации во Баскет 3х3...

Најчитани неделава