Контроверзии за боксерскиот меч на Мајк Тајсон и Џејк Пол + најсмешните мемиња

Откако Џејк Пол го победи Мајк Тајсон во боксерски натпревар, многумина излегоа со тврдење дека натпреварот бил наместен. Твитерџиите, пак, се пошегуваа за натпреварот, но и возрасната разлика помеѓу Џејк (27) и Мајк (58).

namesten-natprevar-zarabotija-milioni-kontroverzii-za-mechot-pomegju-majk-tajson-i-dzhejk-pol-najsmeshnite-meminja-01.jpg

Во саботата (16.11) познатиот боксер Мајк Тајсон и јутјуберот Џејк Пол учествуваа во боксерски натпревар.

Мечот помеѓу боксерката легенда и јутјуберот се пренесуваше во живо на Нетфликс, а го следеа над 60 милиони гледачи од целиот свет.

Иако е попознат како јутјубер, и Џејк Пол е професионален боксер, а кога ќе се земе предвид дека и тој и Мајк Тајсон имаат армија фанови, јасно е од каде толкав интерес за натпреварот.

namesten-natprevar-zarabotija-milioni-kontroverzii-za-mechot-pomegju-majk-tajson-i-dzhejk-pol-najsmeshnite-meminja02.JPG

Огромен интерес имаше и за билети за мечот, а оние кои седеле најблиску до рингот наводно платиле дури 2 милиони за нивните седишта.

Мајк и Џејк имале добра заработка од натпреварот - боксерот заработи 20 милиони, додека јутјуберот самиот откри дека за мечот добил дури 40 милиони долари.

Во мечот победи Џејк Пол и ова донекаде беше очекувано бидејќи Тајсон „ја гази“ шестата деценија од животот, додека јутјуберот има 27 години.

Иако резултатот можеби беше очекуван, многу од гледачите велат дека се разочарани, а некои сметаат и дека победата на Џејк била наместена.

„Натпреварот е наместен. Мајк Тајсон си доби 20 милиони, а Џејк Пол доби победа“, гласи еден од многуте коментари.

namesten-natprevar-zarabotija-milioni-kontroverzii-za-mechot-pomegju-majk-tajson-i-dzhejk-pol-najsmeshnite-meminja04.JPG

Сепак, некои тврдат дека Тајсон никогаш не би прифатил наместен натпревар и дека не треба да се занемари фактот дека тој има скоро 60 години.

Други, пак, негодуваат за лошиот пренос на Нетфликс – многу гледачи се пожалија дека во текот на целата борба не им се вчитувал преносот.

Нормално, твитерџиите ја искористија можноста да се пошегуваат за целиот настан – најмногу за слабите сервери на Нетфликс, но и фактот што Мајк Тајсон може да му биде дедо на противникот Џејк.

Дел од најсмешните твитови за натпреварот во продолжение:

„Џејк Пол најави дека неговиот следен противник ќе биде 83-годишниот Берни Сандерс“

„Како спиеше Мајк Тајсон откако брзо заработи 20 милиони“

„Вработениот во Нетфликс кој е задолжен за серверите“

„Нетфликс додека ми вели да си ја проверам интернет конекцијата, иако знаат дека проблемот е кај нив“

„Во случај да сте го испуштиле мечот, еве ја репризата“

Многумина се шегуваат за голиот задник на боксерот кој беше прикажан на преносот во живо

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна ... Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, ...
Ѝ се скина оделото, освои злато на Олимпијада, дечко ѝ рони солзи – Која е најзгодната лизгачка, „ле... За време на квалификациите во декември, среде лизгање ѝ пукна оделото кај задник...
Ноле остро одговори на провокација од новинар: „Јас цел живот бркам некого за титула, а мене никој, ... По пласманот во полуфиналето на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ се објаснува со д...
Николета е најзгодната црногорска спортистка - мами воздишки со долгите нозе и полните усни Црногорката Николета Перовиќ е причината поради која многу мажи во Италија (каде...
Обвинувања за украден дечко, јавни навреди - Како Серена Вилијамс и Марија Шарапова од ривалки стана... Пред само неколку дена руската тенисерка Марија Шарапова влезе во Куќата на слав...
Мајка му го родила на 16, татко му собирал ѓубре од улица за да преживее - Што знаеме за Ламин Јамал... Пред да се роди Јамал, татко му работел секаква физичка работа, а собирал и ѓубр...

Најчитани неделава