Синчето на Ева Лонгорија излезе на терен со Меси - мама гордо позира со Бекам кој ѝ го овозможи тоа

Малиот Сантијаго среќно мавта додека излегува заедно со Меси на теренот, облечен во боите на розовите дресови на Inter Miami – мама Ева Лонгорија му го оствари сонот, благодарение на Бекам, со кого се многу блиски.

sincheto-na-eva-longorija-izleze-na-teren-so-mesi-mama-gordo-pozira-so-bekam-koj-i-go-ovozmozhi-toa-01.jpg

Викендов започна сезоната во МЛС лигата, а фудбалскиот клуб во ко-сопственост на Дејвид Бекам, Inter Miami, каде Лионел Меси е главна ѕвезда, играше против New York City.

Меси на теренот излезе во препознатливиот розов дрес, држејќи го за рака малиот Сантијаго, синот на Ева Лонгорија кој го има со сопругот Хозе Бастон.

На социјалните мрежи вирално се споделува моментот кога тој среќно мавта со рака додека го држи неговиот омилен фудбалер.

Кликнете за да го погледнете видеото:

Натпреварот го следеше и Ева Лонгорија, која гордо позираше со Дејвид Бекам, кој ѝ е семеен пријател, со оглед на тоа што таа е кума на ќерката на Бекамови, Харпер.

sincheto-na-eva-longorija-izleze-na-teren-so-mesi-mama-gordo-pozira-so-bekam-koj-i-go-ovozmozhi-toa-05.jpg

sincheto-na-eva-longorija-izleze-na-teren-so-mesi-mama-gordo-pozira-so-bekam-koj-i-go-ovozmozhi-toa-04.jpg

Фудбалскиот клуб привлекува многу познати личности на трибините, а на овој натпревар присуствуваше и Серена Вилијамс, која си доби розов дрес од Дејвид, со нејзиното презиме и бројот 1.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Со тенис ја „заразил“ брат ѝ, пред 1 месец почина татко ѝ - Што знаеме за Лина Ѓорческа, нашата тени... Историскиот успех на Лина има и малку „горчлив вкус“ за неа, бидејќи нејзиниот т...
Дејвид Бекам ја „извиси“ Викторија при гушкање за голот на Англија - таа вештачки глуми и го гали до... По голот на Англија, Дејвид и Викторија се прегрнаа, а потоа тој се оттргнаа од ...
Николета е најзгодната црногорска спортистка - мами воздишки со долгите нозе и полните усни Црногорката Николета Перовиќ е причината поради која многу мажи во Италија (каде...
Норвешки олимпиец во живо призна дека ја изневерил девојката и се расплака: „Се надевам ќе ми прости... „Постои некој со кого сакав да го споделам ова, а можеби денес не ме гледа. Пред...
Носи јакна со глина од тениските терени, танцува со ќерката - Ноле е повторно главен „фраер“ на Rola... Ноле, кој е познат по строгата дисциплина и посветеноста на работата, освен што ...
Обвинувања за украден дечко, јавни навреди - Како Серена Вилијамс и Марија Шарапова од ривалки стана... Пред само неколку дена руската тенисерка Марија Шарапова влезе во Куќата на слав...

Најчитани неделава