Ние ја имаме Јана Серафимова, Србите ја имаат Јована Гузијан - најатрактивните спортски новинарки од регионот
- Детали
- недела, 25 мај 2025
Двете девојки се едни од најпрепознатливите лица во спортското известување во Македонија и Србија. Нивната убавина плени и работат професија која ја сакаат од дното на срцето.

Во регионот имаме спортски новинарки од светски ранг. Како по професионалноста, така и по изгледот.
Тие се мевлем и за уши и за очи.
Такви се нашата Јана Серафимова Петровска и Србинката Јована Гузијан.
Јана Серафимова Петровска
Јована Гузијан
Двете имаат и одлични познавања од спортот, но и убавина која плени.
Јана Серафимова Петровска е авторка и водителка на спортската емисија „Фер-плеј со Јана“, која се емитува на телевизија Телма.

Јана има музичко образование и нејзината кариера започнала во музичката сфера, но потоа се пренасочила кон спортот и стана едно од најпрепознатливите лица во спортското известување во Македонија.

Таа е сестра на македонскиот фудбалски репрезентативец Никола Серафимов, кој игра за унгарски клуб.
Инаку од јуни 2022 година во брак е со нејзиниот избраник Горан Петровски.

Јована Гузијан, пак, е српска телевизиска водителка, најпозната по својата работа на спортскиот канал Arena Sport TV.

Таа е активна и на социјалните мрежи, каде што споделува мигови поврзани со нејзината професионална кариера, но и приватен живот.

Јована досега имала и некои актерски ангажмани.
