Горди сме! Јана Атанасовска оствари најдобар резултат во македонското женско алпско скијање, пред Олимпијадата 2026

Македонската скијачка Јана Атанасовска го освои 4 место во слалом на првата ФИС трката што се одржа во Телфс, Австрија, а 6 место во втората и со тоа испиша нова историја во оваа скијачка дисциплина во Македонија.

gordi-sme-jana-atanasovska-ostvari-najdobar-rezultat-vo-makedonskoto-zhensko-alpsko-skijanje-pred-olimpijadata-2026-01.jpg

Нашата скијачка Јана Атанасовска се подготвува за Олимпијадата што ќе почне на 6 февруари во Милано и успеа да испише историја во македонското женско скијање.

Со 4 место во првата трка, а 6-то во втората, Јана постигна најдобар македонски женски резултат во алпско скијање, но и свој личен успех.

Со успехот на младата скијачка се гордеат и од Скијачката федерација на Македонија, кои на социјалните мрежи објавија неколку фотки.

gordi-sme-jana-atanasovska-ostvari-najdobar-rezultat-vo-makedonskoto-zhensko-alpsko-skijanje-pred-olimpijadata-2026-02.jpg

„Во првата трка Јана го освои 4-то место и ги подобри своите ФИС поени на 26.41, што претставува нејзин најдобар личен резултат, а воедно и најдобар македонски женски резултат во слалом.

Во втората слаломска трка истиот ден, Јана го освои 6-то место со 30.78 ФИС поени, потврдувајќи ја својата стабилна форма и континуиран напредок во силна меѓународна конкуренција.

gordi-sme-jana-atanasovska-ostvari-najdobar-rezultat-vo-makedonskoto-zhensko-alpsko-skijanje-pred-olimpijadata-2026-03.jpg

Овој настап доаѓа како дел од нејзините подготовки и настапи пред претстојниот олимписки циклус и Олимписките игри во Милано, што дополнително ја нагласува важноста на постигнатите резултати.

Искрени честитки до Јана и нејзиниот тренер Александар Атанасовски – Чаве!“ - напишаа од Федерацијата.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нашата скијачка Јана Атанасовска не ја заврши трката во слалом на Олимпијадата 2026 „По идентичното сценарио од велеслаломот пред неколку дена, Јана направи грешка ...
Ноле остро одговори на провокација од новинар: „Јас цел живот бркам некого за титула, а мене никој, ... По пласманот во полуфиналето на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ се објаснува со д...
Родена е без три прста на едната рака, освои олимписко сребро - Како Флоренс Брунел стана херој на И... „Секогаш ја кријам левата рака. А не треба“ - вели 22-годишната канадска лизгачк...
Норвешки олимпиец во живо призна дека ја изневерил девојката и се расплака: „Се надевам ќе ми прости... „Постои некој со кого сакав да го споделам ова, а можеби денес не ме гледа. Пред...
Ѝ се скина оделото, освои злато на Олимпијада, дечко ѝ рони солзи – Која е најзгодната лизгачка, „ле... За време на квалификациите во декември, среде лизгање ѝ пукна оделото кај задник...
Се исцрпува до повраќање, многу операции: Мрачната страна позади скијачката кариера на Линдзи Вон Листата на нејзини повреди е огромна, од скршеници до скинати лигаменти и повред...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg