Како дете чувал овци, цел живот сака една жена - Како Лука Модриќ од бегалец стана еден од најдобрите светски фудбалери?
- Детали
- петок, 23 мај 2025
Кога во 2012-та Лука Модриќ потпиша договор со „Реал Мадрид“, многумина го окарактеризираа како „најлошата одлука на клубот“. По 13 години, тој си оди од клубот како вистински херој, а зад себе остава рекорди и историја која долго време ниеден фудбалер на кралскиот клуб нема да може да ја надмине.
Печатот што го остави Лука Модриќ (39) во „Реал Мадрид“, но и во светскиот фудбал, е огромен.
Момчето, кое потекнува од семејство бегалци од војната во Хрватска, долги години беше предводник и на шпанскиот шампион и на хрватската репрезентација.
По 13 години поминати во Мадрид, вчера (22.05) во спортскиот свет одекна веста дека тој си заминува од кралскиот клуб.
Со Реал, Модриќ освои вкупно 27 титули.
Со тоа заврши уште една ера во светскиот фудбал. Неговото заминување ги растажи фановите, но и фудбалските ѕвезди од целиот свет.
Дури и Кристијано Роналдо не остана имун на веста, па му напиша:
„Благодарам за сè Лука. Ми беше чест што поделив многу клупски моменти со тебе. Ти посакувам сè најдобро во тоа што ќе ти следи“.
И иако не е потврдено, неколку светски медиуми објавија дека Модриќ ќе се пресели во САД и ќе заигра заедно со Лионел Меси во Интер Мајами, клубот на Дејвид Бекам.
Што знаеме за животот на еден од најдобрите фудбалери во светот?
Роден е во Задар, на 9 септември 1985 година.
Татко му е Хрват, а мајка му е со српско потекло, но Модриќ скоро никогаш не зборува за своите српски корени.
Првите години од животот ги поминал во малото далматинско село Затон Обровачки, каде што до 5 години чувал овци.
Пред неколку години во јавноста се појави видео на кое може да се види Лука додека ги чува овците (на 2:30).
Во 1991 година неговото семејство побегнало од родното место, зашто во тој дел од Хрватска се проширила војната, а неговиот дедо бил убиен.
Како бегалско семејство биле сместени во хотел во Задар, во чија близина се наоѓал стадион, па Лука почнал да тренира фудбал.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





