Како дете чувал овци, цел живот сака една жена - Како Лука Модриќ од бегалец стана еден од најдобрите светски фудбалери?

Иако условите за живот биле лоши, татко му, кој во меѓувреме добил работа во војската на Хрватска, издвојувал пари за да му овозможи на синот да тренира.

Лука имал 14 години кога заминал на проба во сплитски „Хајдук“, каде што му рекле дека е физички слаб, но тој сепак учествувал на неколку натпревари во клубот.

Кога завршил основно училиште, тренерот на „Задар“ му препорачал на легендарниот Здравко Мамиќ да го земе Лука под свои закрила и во 2000 година тие потпишале договор, а Модриќ станал член на „Динамо“.

Во 2008 година се пресели во англиски „Тотенхем“, од каде, четири години подоцна, во 2012 замина во „Реал Мадрид“.

Неговото потпишување за кралскиот клуб, многумина го оценија како најлошиот потег во поновата историја на „Реал“.

Но, Модриќ им покажа дека грешат и во своите 13 години таму, освен што стана предводник на играчите, освои и 27 титули, што е рекорд во клубот.

Во меѓувреме, стана и капитен на хрватската репрезентација и ја одведе до среброто на Светското првенство во 2018, бронзата во 2022, но и до среброто во УЕФА Лигата на нации во 2023.

И додека на теренот е мотивиран и борбен, во приватниот живот Лука е смирен и сталожен.

Тој е во брак со Вања Модриќ и важат за еден од најскладните парови во Хрватска.

Се запознале кога Лука имал само 19 години, а Вања 6 повеќе од него, односно 25.

Нивната прва средба се случила во канцеларијата на Здравко Мамиќ, каде што работела Вања.

Им требале само 6 месеци за да решат дека треба да почнат да живеат заедно, а по 4 години врска се венчаа на 12 мај 2010.

Тие имаат три деца - синот Ивано и ќерките Ема и Софија.

Иако Модриќ има огромно богатство и светска слава, сепак ги учи децата да бидат скромни и да не се расфрлаат со пари, па никогаш не им купува прескапи подароци, а и роденденските прослави не им се раскошни, туку „нормални“.

Погледнете повеќе фотографии на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна ... Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, ...
Се огласи изневерената девојка на норвешкиот олимпиец: „Тешко е да се прости и по изјавата за љубов ... „Не избрав да бидам ставена во оваа позиција и боли што морам да бидам во неа. Н...
Ноле остро одговори на провокација од новинар: „Јас цел живот бркам некого за титула, а мене никој, ... По пласманот во полуфиналето на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ се објаснува со д...
Поради синот со аутизам одбил неколку клуба, се бори за светска титула - Шпанскиот фудбалер Марк Кук... „Не беше среќен ни во градинка, често беше вознемирен, не се прилагодуваше. Ќе п...
Норвешки олимпиец во живо призна дека ја изневерил девојката и се расплака: „Се надевам ќе ми прости... „Постои некој со кого сакав да го споделам ова, а можеби денес не ме гледа. Пред...
Сопругата на Диого Жота, кој почина 2 недели по свадбата, се појави во бело на „Златна топка“ – храб... Таа на црвениот тепих зачекори во долга тоалета во бела боја, елегантна, каква ш...

Најчитани неделава