Тажната судбина на хрватскиот кошаркар Дражен Петровиќ: Загина во сообраќајка на 28 години, по најуспешната сезона во НБА

Дражен Петровиќ до денес се смета за можеби најдобриот кошаркар од просторот на некогашна Југославија, но по најуспешната сезона во НБА, трагично го загуби животот во сообраќајка. По натпревар во Полска, наместо да се врати во Загреб со авион, Дражен тргнал со автомобил бидејќи сакал да ја види неговата девојка и да има повеќе време со неа…

tazhnata-sudbina-na-hrvatskiot-kosharkar-drazhen-petrovikj-zagina-vo-soobrakjajka-na-28-godini-po-najuspeshnata-sezona-vo-nba01.jpg

Дражен Петровиќ важи за еден од најдобрите кошаркари од просторот на поранешна Југославија, а неретко беше нарекуван и „Моцарт на кошарката“.

Го сметаа и за најдобриот европски играч кој стигнал до НБА лигата, а во 1992 година, освои сребро на Олимписките игри со националниот тим на Хрватска.

Но, животот на талентираниот кошаркар згасна прерано – загина во сообраќајна несреќа на само 28-годишна возраст.

По трагичната смрт на Диого Жота, спортските фанови од регионот сега ги споредуваат тажните судбини на фудбалерот и кошаркарот.

Детали за импресивната кариера на Дражен Петровиќ, која траеше прекратко:

Роден во 1964 година, во Шибеник, Хрватска, Дражен ја почнал својата кариера во локалниот клуб на родниот град. Брзо се истакнал, па оттаму се преселил во Загреб за да игра во кошаркарскиот клуб Цибона.

Овде неговиот талент не останал незабележан, па постепено, Дражен стигнал и до кошаркарскиот клуб Реал Мадрид.

Со овој клуб, Дражен освоил неколку титули и само си ја зацврстил репутацијата како извонреден играч.

Имал можност да го покаже својот талент откако станал дел од клубот New Jersey Nets со што почнал да игра и во НБА лигата.

До 1992-ра, Дражен не само што бил најдобриот стрелец во неговиот тим, туку го нарекувале и најдобриот европски играч кој се натпреварувал во НБА.

Но, клупските титули не биле единствениот успех на Дражен.

Во 1992 година, на чело на националниот кошаркарски тим на Хрватска, Дражен освои сребро на Олимписките игри во Барселона.

Тогаш Хрватска играше против САД, чиј тим го сочинуваа најдобрите кошаркари од тој период, вклучувајќи ги Мајкл Џордан и Меџик Џонсон.

Дражен направи многу за репутацијата на Хрватска во светот на кошарката и има освоено злато и бронза на европските првенства, како и на светското првенство во кошарка ФИБА.

Но, во 1993 година, по неговата најдобра сезона во НБА, Дражен трагично го изгуби животот.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна ... Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, ...
Никола Јокиќ изненаден - НБА ѕвезда носи јакна со вез како Св. Ѓорѓи ја убива ламјата, чини 20.000 д... Еден од највпечатливите моменти од кошаркарскиот All Star викенд, беше влегување...
Најдобриот NBA играч во моментов, носеше патики од Сатја Грабулоски - Македонски шмек на All Star ви... „Да соработуваш со еден од најдобрите светски кошаркари во моментот е уживање - ...
Сопругата на Диого Жота, кој почина 2 недели по свадбата, се појави во бело на „Златна топка“ – храб... Таа на црвениот тепих зачекори во долга тоалета во бела боја, елегантна, каква ш...
ШК Алкалоид по третпат до европската вицешампионска титула! Во последното седмо коло од Европскиот клупски куп, кој се играше на грчкиот ост...
„Ме силуваа 2 недели пред да освојам злато во Пекинг“ - Параолимпијка откри зошто се парализирала пр... „Однадвор бев успешна спортистка која освојува сè што може да се замисли, но збо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg