Тажната судбина на хрватскиот кошаркар Дражен Петровиќ: Загина во сообраќајка на 28 години, по најуспешната сезона во НБА
Летото во 1993 година, Дражен бил во полскиот град Вроцлав, каде хрватскиот национален тим играл за квалификација во EuroBasket.
Тој период Дражен размислувал да си замине од клубот New Jersey Nets бидејќи му го немале продолжено договорот. Размислувал и целосно да се откаже од НБА и да игра во клуб во Грција.
По натпреварот за квалификување во Вроцлав, неговите соиграчи тргнале со авион кон Загреб.
Но, Дражен решил да патува со автомобил и прво да оди во Франкфурт, па оттаму во Загреб. Во Франкфурт била неговата девојка, па сакал да ја види.
Безбедно стигнал во Франкфурт, се видел со саканата, па потоа со неа тргнал кон Загреб. Девојка му управувала со автомобилот, а со нив била и нејзина пријателка.
Но, на 7-ми јуни, околу 17:20 часот, на автопат кај Инголштат, Германија, се случила трагедија.
Времето било врнежливо, поради што на автопатот се излизгал камион. Камионот целосно го блокирал патот, а поради лошите временски услови, девојката не успеала да запре навреме и удрила директно во него.
Дражен седел на совозачкото седиште, а како што покажала обдукцијата, починал веднаш поради сериозни повреди на главата.
Двете жени кои биле со него преживеале, но и тие се стекнале со сериозни повреди.
Повеќе од 30 години подоцна, фановите уште диксутираат за тоа зошто Дражен во последен миг си го променил мислењето и тргнал со автомобил. Бидејќи, доколку летал со неговиот тим кон Загреб, веројатно би бил жив.
И покрај краткиот живот, Дражен успеа да остави огромно наследство, а до денес има фанови не само од Хрватска, туку од сите земји од поранешна Југославија.
Спирова С. | Црнобело
