Спортски спектакл во Македонија: ЕМОФ Скопје 2025 со врвна организација, рекорден број спортови и светски и европски рекорди

На денешната официјална прес-конференција во Скопје, претставниците на Евопските олимписки комитети (ЕОК) и организацискиот комитет на фестивалот информираа за досегашниот тек на фестивалот, организациските предизвици, постигнатите резултати, како и за важноста на ЕМОФ за спортскиот и културен развој  на државата

sportski-spektakl-vo-makedonija-emof-skopje-2025-so-vrvna-organizacija-rekorden-broj-sportovi-i-svetski-i-evropski-rekordi-01.JPG

ЕМОФ Скопје 2025 е едно од најуспешно организираните изданија во историјата на Европскиот младински олимписки фестивал – со рекорден број од 15 спортски дисциплини во кои учествуваат над 4000 спортисти, врвна организација и еуфорична спортска атмосфера, за која придонесуваат и околу 700 волонтери. Фестивалот започна на спектакуларен начин, со соборување на еден светски рекорд во скок со стап и два европски рекорди (женската трка на 100 м и во стрелаштво) , а до неговото затворање на 26 јули се очекуваат уште бројни нови рекорди и спортски подвизи.

Дополнително, ЕМОФ Скопје 2025 бележи и рекордна медиумска покриеност и онлајн внимание. Над 500.000 гледачи за само три дена ги следеле натпреварите преку веб-страницата eoctv.org, остварени се повеќе од 11 милиони импресии на социјалните мрежи, а официјалната химна „Together we Shine“ достигна 100.000 прегледи на YouTube – најмногу досега од официјалните химни на сите ЕМОФ изданија досега.

sportski-spektakl-vo-makedonija-emof-skopje-2025-so-vrvna-organizacija-rekorden-broj-sportovi-i-svetski-i-evropski-rekordi-02.JPG

Овие податоци беа потенцирани на денешната официјална прес-конференција, која се одржа во хотелот „DoubleTree by Hilton“ во Скопје, на која стана збор и за досегашниот тек на фестивалот, организациските предизвици, постигнатите резултати, како и за важноста на ЕМОФ за спортскиот и културен развој на државата. Медиумите можеа да се запознаат со севкупна рекапитулација на досегашните спортски натпреварувања што се одвиваат на борилиштата низ Скопје, Куманово и Осиек, во атмосфера исполнета со младешка енергија, спортски дух и европско единство. Покрај тоа, беше истакната и важноста на настанот за европската спортска заедница, но и за спортскиот, културниот и институционалниот развој на Македонија.

sportski-spektakl-vo-makedonija-emof-skopje-2025-so-vrvna-organizacija-rekorden-broj-sportovi-i-svetski-i-evropski-rekordi-3.JPG

На присутните им се обратија Спирос Капралос, Претседател на Европските Олимписки Комитети, Даниел Димевски, Претседател на Македонскиот Олимписки Комитет и на Организацискиот одбор на ЕМОФ, Борко Ристовски, Министер за спорт на Република Македонија, Лини Халдорсдотир, претседателка на Комисијата за ЕМОФ, како и светската рекордерка во скок со стап, атлетичарката Алика Инкери Мосер од Естонија и македонската одбојкарка Матеа Поповска.

sportski-spektakl-vo-makedonija-emof-skopje-2025-so-vrvna-organizacija-rekorden-broj-sportovi-i-svetski-i-evropski-rekordi-04.JPG

Меѓу досегашните достигнувања, за издвојување е светскиот рекорд во младинска конкуренција во скок со стап, што го постави естонската атлетичарка Алика Инкери Мосер, како и два европски рекорди, што говори за квалитетот на учесниците, но и за условите кои EYOF Skopje 2025 ги обезбедува за младите спортисти од цела Европа.

Претседателот на Европските олимписки комитети, Спирос Капралос се осврна на медиумскиот интерес и влијанието на фестивалот и ја поздрави успешната реализација на ЕМОФ 2025.

sportski-spektakl-vo-makedonija-emof-skopje-2025-so-vrvna-organizacija-rekorden-broj-sportovi-i-svetski-i-evropski-rekordi-05.JPG

„Импресиониран сум од енергијата, организацијата и страста што се чувствуваат овде. ЕМОФ Скопје 2025 веќе го освојува вниманието на цела Европа – сите натпревари се стримаат во живо и бројките се навистина импресивни. Само натпреварот во атлетика вчера достигна 100.000 прегледи. Тоа зборува за значењето на фестивалот и за тоа како спортот го обединува континентот. Скопје, Куманово и Осиек ја пренесуваат пораката на Олимпизмот на најубав можен начин – преку младите, преку спортот и преку солидарноста. Македонија може да биде горда на сето ова што го постигнува“, истакна Капралос.

sportski-spektakl-vo-makedonija-emof-skopje-2025-so-vrvna-organizacija-rekorden-broj-sportovi-i-svetski-i-evropski-rekordi-06.JPG

Даниел Димевски, претседател на Организацискиот одбор и Македонскиот олимписки комитет, го нагласи националниот и спортскиот придонес на настанот.

„Горди сме што Македонија е домаќин на еден од најзначајните младински спортски настани во Европа. Ова не е само организациски успех, туку и спортски. Веќе имаме нов национален рекорд во пливање, а верувам дека во наредните денови ќе ја видиме Македонија и на листата на медалисти. EYOF е повеќе од спорт – тоа е платформа за поврзување на нашите млади генерации со Европа и за претставување на нашата држава во најдобро светло“.

sportski-spektakl-vo-makedonija-emof-skopje-2025-so-vrvna-organizacija-rekorden-broj-sportovi-i-svetski-i-evropski-rekordi-07.JPG

Покрај тоа, Димевски се осврна на организациските предизвици и на тимската работа која стои зад успехот на фестивалот

„Ова е проект во кој вложивме години посветена работа и визија. Зад секој натпреварувач, секој волонтер, секој транспортер или новинар стои тим кој со срце работи. Да се организира мултинационален спортски настан од ваков калибар е исклучително комплексно, но сме горди што Европа гледа во нас како доверлив партнер. Ќе продолжиме да ги подобруваме сите процеси и да покажеме дека Македонија е подготвена за уште поголеми предизвици.“, посочи Димевски.

sportski-spektakl-vo-makedonija-emof-skopje-2025-so-vrvna-organizacija-rekorden-broj-sportovi-i-svetski-i-evropski-rekordi-08.JPG

Министерот за спорт, Ристовски ја нагласи стратешката важност на фестивалот за државата и младинскиот спорт.

„Како држава имаме историска шанса да бидеме домаќини на преку 4.000 спортисти и тренери – нешто што не се случува често, ниту лесно се организира. Ова не е само спортски настан, туку инвестиција во иднината на македонскиот спорт. Посебно ме радува што македонските спортисти имаат можност да се натпреваруваат на домашен терен и да се мерат со најдобрите во Европа. Ова е огромна можност за сите нас – институции, спортисти и граѓани.“, рече Ристовски.

sportski-spektakl-vo-makedonija-emof-skopje-2025-so-vrvna-organizacija-rekorden-broj-sportovi-i-svetski-i-evropski-rekordi-09.JPG

Лини Халдорсдотир, претседателка на Комисијата за ЕМОФ, зборуваше за предизвиците и значењето на фестивалот.

„Организацијата на ЕМОФ е комплексна задача, а изминатите две години вложивме огромен труд и посветеност. Овој фестивал во Скопје е најголемиот што сме го организирале досега, и тоа самото по себе зборува за амбицијата и капацитетот на Македонија. EYOF е првиот чекор кон остварување на големите соништа за многу млади атлети“.

Македонската одбојкарка Матеа Поповска го изрази своето задоволство како спортист учесник на фестивалот.

„Како спортист, можам да кажам дека условите се одлични – сè е организирано на највисоко ниво, а атмосферата е навистина инспиративна. Овие услови ни даваат можност целосно да се посветиме и да го дадеме најдоброто од себе. Благодарност и до Министерството за спорт и до Министерот, кои што помогнаа нашите репрезентации да не се почувствуваат запоставени со цел да го дадат максимумот. Нашата цел е јасна. Сакаме да ја направиме Макеоднија горда, но за тоа сте ни потребнни и вие како медиуми и целата македонска јавност. Ги поканувам сите љубители на спортот да присуствува на сите натпревари каде што се натпреваруваме како делегација, а особено, ќе ни значи вашата поддшка денеска, во 18 часот, во спортскиот центар Борис Трјаковски, каде што играме против Турција и ќе дадеме се од себе да ја забележиме нашата прва победа“, истакна Поповска.

sportski-spektakl-vo-makedonija-emof-skopje-2025-so-vrvna-organizacija-rekorden-broj-sportovi-i-svetski-i-evropski-rekordi-10.JPG

Алика Инкери Мосер од Естонија, првата медалистка на фестивалот, која на првиот натпреварувачки ден го соории светскиот рекорд во скок со стап (4,52 метри), ја сподели својата возбуда.

„Голема чест и задоволство ми е што токму овде, на ЕМОФ Скопје 2025, го постигнав мојот најголем успех досега и поставив нов светски рекорд во мојата дисциплина. Овој фестивал ќе ми остане во сеќавање засекогаш – не само поради медалот, туку и поради прекрасната атмосфера и позитивната енергија.“

На прес-конференцијата беше упатен повик до јавноста и медиумите да продолжат да го следат фестивалот, кој ќе трае сабота и опфаќа натпревари во 15 спортски дисциплини, како и културна програма, фан-зони, активности со маскотата Shiny и присуство на стотици волонтери кои ја движат организацијата.

Најинтересните моменти од церемонијата на свеченото отворање и првите два натпреварувачки дена можете да ги проследите во продолжение:

Би можело да ве интересира:

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, пливачот Евгениј Поп Ацев спортист н... Сојузот на спортови на Скопје, денеска по повод ослободувањето на градот Скопје,...
ЕМОФ Скопје 2025 свечено затворен: Европа обединета преку спортот, солидарноста и пријателството На ден како 26 јули – кога пред 62 години сите европски земји се обединија во по...
ЕМОФ Скопје 2025 стартуваше со светски рекорд во скок со стап и европски рекорд во стрелаштво Естонката Алика Инкери Мозер со прескокнати 4,52 метри постави нов светски рекор...
Илина Соколовска првпат ја носи Македонија на Светско првенство по ритмичка гимнастика Илина Соколовска, успеа да ги освои потребните бодови и ја носи Македонија на Св...
Топ 10 најзгодни спортистки на Зимските олимписки игри 2026 На врвот убедливо е најзгодната лизгачка Јута Лердам, но тука е и скијачката Ејл...
Николета е најзгодната црногорска спортистка - мами воздишки со долгите нозе и полните усни Црногорката Николета Перовиќ е причината поради која многу мажи во Италија (каде...

Најчитани неделава