Изјавата на Мурињо по поразот во полуфиналето

izjavata-na-murinjo-po-porazot-vo-polufinaleto-povekjeВо синоќешниот полуфинален натпревар меѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен, после продолженија,  на пенали, Баерн Минхен стана вториот патник во финалето...


...и ќе има можност да го освои пехарот на домашен терен.

Во прилог е изјавата на Жозе Мурињо од пресот по завршувањето на натпреварот:

Фудбалот е составен од вакви нешта. Ова е фудбал. Моите играчи се супер мажи, беа фантастични, со неверојатен менталитет. Но, игравме против голема екипа која последната недела беше на одмор, а ние игравме важен натпревар во Liga.

Barcelona играше Еl clásico три дена пред да игра против Chelsea и тоа е тешко. Кога една екипа освојува две или три титули, а такви се малку, таа екипа е голема затоа што е тешко да се игра секаде. Истото ми се случи и кога изгубив од Liverpool на пенали, беше наша вина што немав повеќе бодови и играв во првенство со други екипи. Можеби ќе бевме посвежи да не игравме против Barça во саботата. Затоа јас се обидов да апелирам внимателно да се прават распоредите. Успеав тоа да го известувам во Италија, но тука не. Овде не важат моите аргументи. Гледате, финалето го играат петтиот во Англија и вториот кој има 10 бодови помалку од Германија. Но, како и да е, му честитам на Bayern, заслужено. Ме научи да бидам среќен поради нивната среќа. Сепак, бидејќи имам ‘сина коска‘ сакам другите да победат во финале.

izjavata-na-murinjo-po-porazot-vo-polufinaleto

Ни фалеше многу малку. Борбен натпревар, многу тактички, со голем интензитет на емоции. После 2-1, двете екипи бараа само да не направат грешка. Голем натпревар и на крај ние сме тажни, а тие среќни... Пред две години бев овде скокајќи од радост, а они плачејќи.

Ако нешто ми беше во глава тоа е да освојам титула со овие луѓе. Играчите имаат голем напредок пред себе и клубот исто така, затоа мора да се адаптира на еволуцијата на времето. Менталитетот мора да се промени малку по малку, преку комуникација, со емпатија. И ако екипата и клубот мислат дека јас можам да дадам поголем придонес тука, а верувам дека можам, ќе останам.

Нормално беше да се страда за време на пеналите. Промашува тој што има м*да да шутира. Јас не сум толку радикален како некои што се кога е во прашање кој е подобар Crisitano или Messi. Двајцата се единствени играчи, но оваа сезона Crisitano беше многу подобар. Денес Crisitano промаши, вчера Messi. И животот продолжува. Не знам дали грешевме или беше заслуга на Neuer, но после два саати на работ не е лесно да се соочиш со пенали. Играчите беа под голем притисок, кој многумина не го сфаќаат и само критикуваат. Работеа 2 саати како животни и потоа згрешија. Историјата на фудбалот е таква.
Не знам дали имаше пенал врз Granero, не видов. Ниту пак ги видов другите два кои беа досудени. Нека кажат другите. Јас имам историја со важни случаи во полуфинале, но би сакал да не го вклучам ова полуфинале во тие случаи. За овој натпревар ќе можам да зборувам после 5 години, но не и за она од лани или тие претходно кога топката не влезе.

Играчите се анимираат со гордоста, со тоа што знаат дека дадоа се. Си одат дома откако дадоа се на терен, смирени, без да се криеш. Горд сум на моите луѓе и немам никаква критика кон нив. Горд сум што работам со оваа група. Сега треба да продолжиме да работиме и да ја завршиме сезоната со титула која се уште не сме ја освоиле. Продолжуваме да работиме многу и сами, многу сами.
Искуството во животот ме научи да уживам и страдам повеќе на радостите и среќите на другите отколку на моите.

Има луѓе кои веруваат дека знаат се за фудбалот и го критикуваа Chelsea, исто така и Inter пред две години, но не знаат ништо за напорот кој го бараат овие натпревари и уште помалку знаат за фудбалска тактика. Луѓе кои не знаат како е да играш со 10 играчи или да изгубиш на пенали. Не знаат ништо.

Би можело да ве интересира:

Сензацинален скок кој 50 години беше забранет во уметничкото лизгање ја воодушеви публиката - И Ноле... Младиот лизгач Илиа Малинин (21) имаше неверојатен настап на Зимската олимп...
Првиот македонски претставник настапи на Олимпијадата 2026: „Се бореше лавовски“, велат од МОК „Денес, со македонското сонце на градите, најдобриот македонски спортист Ставре ...
Се исцрпува до повраќање, многу операции: Мрачната страна позади скијачката кариера на Линдзи Вон Листата на нејзини повреди е огромна, од скршеници до скинати лигаменти и повред...
ЕМОФ Скопје 2025: Македонските репрезентации поразени во разигрувањето од 5 до 8 место На претпоследниот натпреварувачки ден на Европскиот Младински Олимписки Фестивал...
Се огласи изневерената девојка на норвешкиот олимпиец: „Тешко е да се прости и по изјавата за љубов ... „Не избрав да бидам ставена во оваа позиција и боли што морам да бидам во неа. Н...
Даниела Алексовска и Марко Трајановски доминираа пред домашната публика во Скопје! Синоќа, на 14.09, Македонија беше сведок на најголемиот ММА спектакл – Арммадa 1...

Најчитани неделава