Првиот македонски претставник настапи на Олимпијадата 2026: „Се бореше лавовски“, велат од МОК
- Детали
- вторник, 10 февруари 2026
„Денес, со македонското сонце на градите, најдобриот македонски спортист Ставре Јада се бореше лавовски во спринт квалификациите“ - напишаа од МОК, откако првиот од четворицата македонски претставници на Зимската олимпијада во Милано и Кортина, го имаше својот прв настап.

Нашиот Ставре Јада денеска го имаше својот прв настап на Олимпијадата. Тој во квалификациите за крос-кантри во нордиско скијање, заврши на 89-то место од 94 натпреварувачи.
По настапот на Јада, од Македонскиот олимписки комитет споделија неколку фотографии и мотивирачка порака за него.

Во објавата на Фејсбук пишува:
Денес, со македонското сонце на градите, најдобриот македонски спортист Ставре Јада се бореше лавовски во спринт квалификациите!
Во конкуренција со најдобрите светски имиња, Ставре покажа дека најдобрите македонски спортисти имат срце и пркос што не сопират!
Време: 3:59:56 Дух: Нескршлив!

Сепак, вистинската возбуда допрва доаѓа!
Ставре се подготвува за својата најсилна дисциплина – трката на 10 километри!
Таму каде што е потребна најголема издржливост, таму каде што се покажува македонскиот инает!

Ајде сите заедно да му ја испратиме нашата поддршка!
Нека одекнува нашето „Напред Ставре!“ до самиот врв! Со тебе сме Ставре!
А. Ј. | Црнобело
