Нашиот Ставре Јада со втор настап на Олимпијадата 2026 - Се бореше до последниот метар

„Иако патот до врвот е тежок, настапот на нашите нордијци е доказ за континуитетот на македонското скијачко трчање на светската сцена. Ана и Ставре го дадоа своето најдобро!“, напишаа од Македонскио олимписки тим, откако Ставре Јада го заврши своето олимписко патување, со вториот настап на ЗОИ2026.

nashiot-stavre-jada-so-vtor-nastap-na-olimpijadata-2026-se-boreshe-do-posledniot-metar-01.jpg

Македонскиот нордиски скијач Ставре Јада го имаше својот втор и последен настап на Олимпијадата 2026.

Тој денес настапи во дисциплината крос-кантри, а заврши на 83 место од 113 пријавени учесници.

За неговиот денешен настап јавуваат и од Македонскиот олимписки тим:

„На олимписката патека во рамките на Тесеро крос-кантри Олимпискиот стадион, нашиот најдобар нордиец Ставре Јада го освои 83-то место (од 113 пријавени спортисти на стартот на трката) со заостанување од 4:52,7 минути зад новиот олимписки шампион, Ј.Х.Клебо од Норвешка.

nashiot-stavre-jada-so-vtor-nastap-na-olimpijadata-2026-se-boreshe-do-posledniot-metar-02.jpg

Со овој настап, нашите најдобри спортисти во крос-кантри го заокружија своето учество на Зимските олимписки игри Милано и Кортина 2026.

Иако патот до врвот е тежок, нивниот настап е доказ за континуитетот на македонското скијачко трчање на светската сцена.

Ана и Ставре го дадоа своето најдобро! За уште подобри резултати во иднина, неопходна е многу поквалитетна работа и многу поголеми вложувања во овој прекрасен спорт од страна на сите релевантни институции во нашата држава.

Браво Ана! Браво Ставре! Продолжуваме понатаму!“

nashiot-stavre-jada-so-vtor-nastap-na-olimpijadata-2026-se-boreshe-do-posledniot-metar-03.jpg

Ставре својот прв настап го имаше на 10 февруари, а тогаш заврши на 89-то место од 94 пријавени спортисти.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Родена е без три прста на едната рака, освои олимписко сребро - Како Флоренс Брунел стана херој на И... „Секогаш ја кријам левата рака. А не треба“ - вели 22-годишната канадска лизгачк...
Ѝ се скина оделото, освои злато на Олимпијада, дечко ѝ рони солзи – Која е најзгодната лизгачка, „ле... За време на квалификациите во декември, среде лизгање ѝ пукна оделото кај задник...
Моментот кога Пике беше „осуден“ да го гледа настапот на бившата Шакира на Светско 2026 со синовите ... Пике беше најомразен кога се дозна дека ја изневерил Шакира и ја остави за друга...
Обвинувања за украден дечко, јавни навреди - Како Серена Вилијамс и Марија Шарапова од ривалки стана... Пред само неколку дена руската тенисерка Марија Шарапова влезе во Куќата на слав...
Македонци истрчаа 400km од Љубљана до Задар во тимска трка: „Завршивме за 33 часа, најтешко е ноќе к... „Системот беше „штафетен“ - додека дел од екипата трча, другите одмораа во комбе...
Се исцрпува до повраќање, многу операции: Мрачната страна позади скијачката кариера на Линдзи Вон Листата на нејзини повреди е огромна, од скршеници до скинати лигаменти и повред...

Најчитани неделава