Се исцрпува до повраќање, многу операции: Мрачната страна позади скијачката кариера на Линдзи Вон
- Детали
- четврток, 12 февруари 2026
Листата на нејзини повреди е огромна, од скршеници до скинати лигаменти и повредени нерви, Линдзи Вон има доживеано страшни повреди, започнувајќи од 2017-та до денес, но не се откажува и објави фотки од болница по падот на ЗОИ. Какви повреди има доживеано досега?

Најдобрата американска скијачка, Линдзи Вон (41) викендов имаше страшен пад на Олимпијадата во Милано и Кортина, по што беше со хеликоптер пренесена во болница.
Само еден ден по ужасниот пад, кој го уништи нејзиниот олимписки сон за злато на 41 година, Американката преку Инстаграм ѝ се обрати на јавноста, а сега сподели и фотографии направени по 3-тата операција.

Олимписката скијачка имаше пад по само 13 секунди по стартот на нејзината олимписка трка во спуст во неделата (8 февруари).
Наредниот ден откри дека има комплексна фрактура на тибијата (потколеницата) која ќе бара повеќе операции.

Ова се случи само девет дена по друг пад, по кој ѝ беа дијагностицирани скинат преден вкрстен лигамент (ACL), нагмечување на коска и оштетување на менискусот на левото колено.
Линдзи вели дека третата операција била успешна и сподели охрабрувачки новости за своето закрепнување.

Нејзината повредена лева нога е во уред што изгледа застрашувачки и веројатно служи за нејзина стабилизација. Исто така, се забележуваат конци под коленото.

„Денес ја имав третата операција и беше успешна. Успехот денес има сосема поинакво значење од тоа што го имаше пред неколку дена.
Напредувам и иако е бавно, знам дека ќе бидам добро“.
Иако е во болница, Вон внимателно ги следи резултатите од Олимпијадата и објавува честитки за успешните настапи.

