Скијачката Ана Цветановска го заврши настапот на Олимпијада 2026 - Го подобри времето од Пекинг 2022 за преку 3 минути
- Детали
- петок, 13 февруари 2026
Ана го подобри своето време за повеќе од 3 минути споредено со резултатот кој го оствари на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022.

Ана Цветановска заврши на 105-то место на трката на 10 километри во нордиско скијање на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.
Зад неа останаа уште 3 натпреварувачки, односно на стартот се појавија 111 натпреварувачки, од кои три не ја завршија трката.
Ана ја помина оваа делница за време од 31:32:04 минути и на крајот имаше заостаток од 08:43 минути зад новата олимписка шампионка Фрида Карлсон од Шведска.
Но, Ана го подобри своето време за повеќе од 3 минути споредено со резултатот кој го оствари на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022.
Таа доби поддршка и од Македонскиот олимписки тим, кој објави фотографија на социјалните мрежи.
„Нашата Ана Цветановска денес, на патеката од 10 км, го освои 105-то место и докажа дека таа напредува.
Ана го подобри својот резултат од зимските Олимписки игри во Пекинг 2022 за повеќе од 3 минути!
Од заостанување +11:51,40, денес таа стигна до целта со заостанување од +08:43,20.
Браво Ана! Секоја секунда е напредок за македонскиот спорт“, напишаа тие.
А. Ј. | Црнобело