Македонка за искачувањето на Кајмакчалан: „Имаше магла, скијачи ни побараа број за безбедност“

„Двајца млади планинари, Калина Велевска и Александар Миновски, тргнаа со љубов кон планината, со сон во очи и со желба да го доживеат врвот. Но, суровата зима, студот и непредвидливата сила на Ниџе ја одзедоа нивната иднина во 2018-та година“,  се сеќава планинарката Маја Дукова и детално сподели како изгледало искачувањето на Кајмакчалан.

mina-devojka-od-srbija-so-cistichna-fibroza-edvaj-prezhivea-pa-pronajde-ljubov-i-sega-dobi-bebe-bolna-majka-rodi-zdravo-dete-01_copy.jpg

Маја Дукова е наша планинарка која неодамна воодушеви со фотките кога се искачи на Царев Врв, една од повисоките планински точки во Македонија, а сега таа повторно беше на планинарски подвиг, овојпат на Кајмакчалан.

Кајмакчалан (познат и како Ворас) е планински врв, со 2.521 метри надморска височина, на границата меѓу Македонија и Грција.

Се наоѓа во планинскиот масив Ниџе, a врвот лежи точно на државната граница меѓу двете земји.

makedonka-za-iskachuvanjeto-na-kajmakchalan-imash-magla-skijachi-ni-pobaraa-nashi-broevi-za-bezbednost-20.jpg

Од македонска страна најчесто се пристапува од регионот на Битола и од селото Скочивир (Мариово) и е трет највисок врв во Македонија. Но, поголемиот дел од планинарите го искачуваат од грчка страна.

Инаку, Кајмакчалан е познат по жестоките борби за време на Првата светска војна (1916 година), особено меѓу српската и бугарската војска.

makedonka-za-iskachuvanjeto-na-kajmakchalan-imash-magla-skijachi-ni-pobaraa-nashi-broevi-za-bezbednost-18.jpg

Но, ние, за жал најмногу го помниме како местото на кое ги изгубивме нашите планинари Калина Велевска и Александар Миновски во 2018-та година.

Маја Дукова за искачувањето на Кајмакчалан вели:

„Кајмакчалан не е само планина.

Тоа е сведок на историја, на храброст, на љубов кон дивината, но и на загуба.

makedonka-za-iskachuvanjeto-na-kajmakchalan-imash-magla-skijachi-ni-pobaraa-nashi-broevi-za-bezbednost-22.jpg

На овие падини, пред повеќе од век, илјадници животи беа изгубени во Првата светска војна. Солунскиот фронт остави траги кои ветровите и снегот никогаш не ги бришат.

Планината ја памети секоја жртва, секој паднат чекор, секој човек што се борел со своите граници.

А пред неколку години, Кајмакчалан повторно потсети на својата моќ и суровост.

Двајца млади планинари, Калина Велевска и Александар Миновски, тргнаа со љубов кон планината, со сон во очи и со желба да го доживеат врвот. Но суровата зима, студот и непредвидливата сила на Ниџе ја одзедоа нивната иднина.

makedonka-za-iskachuvanjeto-na-kajmakchalan-imash-magla-skijachi-ni-pobaraa-nashi-broevi-za-bezbednost-19.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Македонецот Виктор Петков го имаше првиот настап на Олимпијада 2026: „Го освои 55-то место во силна ... „Покажувајќи голема смиреност и добра тактика во второто возење, младиот Петков ...
Заработуваше милиони уште пред да наполни 30: Колкаво наследство им остави Диого Жота на трите деца ... Диого Жота брзо се истакна како фудбалер и до трагичната смрт имаше заработено н...
Нашиот Ставре Јада со втор настап на Олимпијадата 2026 - Се бореше до последниот метар „Иако патот до врвот е тежок, настапот на нашите нордијци е доказ за континуитет...

Најчитани неделава