Заработуваше милиони уште пред да наполни 30: Колкаво наследство им остави Диого Жота на трите деца и сопругата?
- Детали
- вторник, 08 јули 2025
Диого Жота брзо се истакна како фудбалер и до трагичната смрт имаше заработено над 35 милиони евра. Иако се шпекулира дека Кристијано Роналдо сака да им го плати школувањето на децата на Диого, фудбалерот дефинитивно се потрудил да не им фали ништо во животот.

Со трагичната и ненадејна смрт, фудбалерот Диого Жота зад себе ја остави сопругата и нивните три деца.
28-годишниот фудбалер загина во сообраќајка, заедно со неговиот брат, а во саботата (05.07) беа погребани во Порто.
Се шпекулира дека Кристијано Роналдо, во знак на почит кон својот соиграч, ќе го финансира школувањето на децата на Диого, но и тој самиот сепак се потрудил во животот да не им недостасува ништо.
Богатството на фудбалерот се проценува на повеќе од 35 милиони евра и неговите деца сепак ќе бидат обезбедени за целиот живот.
Во 2018 година, Диого Жота првпат потпиша договор со Wolverhampton Wanderers, што му носеше заработка од околу 40.000 евра неделно.
За две години, заработи околу четири милиони долари, пред да се премести во клубот Liverpool.
Во првите две години во клубот, Диого заработи над 8,5 милиони долари, а поради талентот што го покажа, Liverpool му го продолжи договорот.
Со нов договор и нова, повисока плата, се проценува дека Диого има заработено повеќе од 22 милиони долари пред трагичната смрт.
Покрај фиксната плата, Диого има добивано и бонуси благодарение на бројните голови што ги има постигнато.
Младиот фудбалер имаше уште две години до завршувањето на договорот со Liverpool, за што требаше да добие уште околу 15 милиони долари. А, според некои португалски медиуми, клубот сака да ги исплати на семејството, во знак на сочувство и почит, но ова не е официјално потврдено.
Севкупно, Диого има заработено околу 35 милини долари, а богатството што му останало најверојатно ќе биде наследено од неговата сопруга, двата сина на возраст од четири и две години, како и осуммесечната ќерка.
Во 2022 година, Диого и сопругата купија куќа за околу 2 милиони долари, а според португалските медиуми, фудбалерот имал и импресивна колекција луксузни автомобили вредна над еден милион долари.
Диого брзо се истакна како еден од најдобрите фудбалери на Liverpool, па е еден од малкуте спортисти кои успеваат да заработат толкаво богатство пред да наполнат 30.
Фудбалерот трагично го загуби животот само две недели по свадбата со сопругата со која бил заедно уште од средно.
На самата церемонија, тој се нарече себеси најсреќниот човек во светот, а по трагедијата, дел од гостите споделија дека настанот навистина бил како свадба од соништата.
Прочитајте и: Тинејџерската љубов му беше сопруга само 11 дена - Најсреќните моменти на Диого Жота и саканата, низ фотографии
Фудбалерот загина во автомобилска несреќа, додека со неговиот брат Андре одел кон пристаниште во Шпанија, од каде што планирале да фатат траект до Англија.
Диого одлучил да патува со автомобил наместо со авион, поради неодамнешна операција за заболување на белодробното крило.
Прочитајте и: Роналдо со срце од злато! Го критикуваа дека не дојде на погребот на Диого Жота, а тој ќе плаќа за школување на неговите деца
Спирова С. | Црнобело
