Македонка за искачувањето на Кајмакчалан: „Имаше магла, скијачи ни побараа број за безбедност“
Тие настрадаа таму каде што снегот и ветерот се непредвидливи. Потрагата траела со часови, но на планината не ѝ е важно колку ние сакаме да победиме. Таа се движи според свои правила.
Кога се искачуваме на Кајмакчалан, ние не чекориме само за поглед.
Чекориме со почит кон историјата, кон жртвите од војната, и кон Калина и Александар и сите оние кои ја сакаат планината доволно за да се ризикуваат, но и доволно мудри за да ѝ се поклонат.

Горе не е победа. Горе е доживување.
Едноставно, да се биде тука, да се види белината што ветровите ја обликуваат, да се почувствува тишината, и да се сфати дека секој чекор е подарок, и секој пад - потсетник.

Овој пост нека биде и мало потсетување.
За историјата од 1916.
За Калина и Александар.
За сите што ја сакаат планината со чисто срце.
Почит, сеќавање и љубов“.
Потоа, Маја низ фотографии ја претстави турата на Кајмакчалан – од раното будење и пат до 2.000 метри надморска височина, од кадешто започнало искачувањето, преку маглата и снегот, до хуманоста на скијачи кои им побарале телефонски броеви на планинарите, за секој случај, за безбедност, бидејќи планината е непредвидлива.
Авантурата преку фотки:


