Најзгодната хрватска навивачка во провокативен аутфит на Светско '26 – ги загреа фановите на натпреварот Хрватска-Англија

Ивана Кнол се прослави на минатото Светско во Катар, со провокативни аутфити во држава каде е забрането разголување, а вчера на натпреварот на својата земја со Англија, мамеше воздишки на стадионот, облечена во кратки шорцеви и разголен корсет со мотиви од хрватското знаме.

najzgodnata-hrvatska-navivachka-vo-provokativen-autfit-na-svetsko-gi-zagrea-fanovite-pred-natprevarot-hrvatska-anglija-01.jpg

Ивана Кнол е згодна девојка со хрватско потекло, која е родена и израсната во Германија, но подоцна дошла во Хрватска.

Таа е позната по тоа што е голем спортски фан, а на стадионите секогаш се појавува во своите најпровокативни изданија.

Токму така таа и се прослави, на Светското во 2018-та, но посебно во 2022 во Катар, кога призна дека била изненадена од тоа што таму е забрането разголување, велејќи дека воопшто не ни поседува таква облека што не открива делови од телото.

Сега, Ивана, повторно се појави на Светско 2026, на натпреварот на својата земја Хрватска против Англија, а ги загреа фановите со жежок аутфит.

Облечена во кратки шорцеви и разголен корсет со мотиви од хрватското знаме, таа напиша: „Одиме Хрватска! Девојката од Светско се врати!“.

Пред натпреварот таа изјави дека Хрватска ќе победи и дека не е фер тоа што ги потценуваат затоа што се помала земја, но сепак нејзините прогнози не се остварија и Англија го совлада противникот со 4-2.

Во меѓувреме, Кнол беше активна на многу спортски натпревари, но се впушти и во диџејските води, па пушташе музика на афтер забава по натпреварот, но претходно доби свое место и на FIFA FAN фестивалот.

Повеќе фотки од Ивана: 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најзгодната олимпијка за својата голгота: „Ме критикуваа за шминката, ме осудуваа, но не сакав да се... „Овој момент докажува дека не мора да бидете помалку свои за да постигнете нешто...
Најзгодната лизгачка покажа како изгледа храната во олимпиското село – се служи 450kg паста дневно, ... Само во олимпиското село во Милано се служат околу 3.000 јајца и 450kg паста, на...
Натпреварот со Португалија на Европско ракометно првенство заврши нерешено Натпреварот почна и заврши тензично, а крајниот резултат беше 29:29. Нашите рако...
Сопругата на Диого Жота, кој почина 2 недели по свадбата, се појави во бело на „Златна топка“ – храб... Таа на црвениот тепих зачекори во долга тоалета во бела боја, елегантна, каква ш...
Николета е најзгодната црногорска спортистка - мами воздишки со долгите нозе и полните усни Црногорката Николета Перовиќ е причината поради која многу мажи во Италија (каде...
Македонија оди на Светско! Ракометарите десетти пат се изборија за пласман за најголемото натпревару... Македонската ракометна репрезентација повторно нè направи горди! Момците на Кире...

Најчитани неделава