Со тенис ја „заразил“ брат ѝ, пред 1 месец почина татко ѝ - Што знаеме за Лина Ѓорческа, нашата тениска гордост?
- Детали
- петок, 26 јуни 2026
Историскиот успех на Лина има и малку „горчлив вкус“ за неа, бидејќи нејзиниот татко, македонската одбојкарска легенда Владимир Ѓорчески - Ципа почина пред околу еден месец, на крајот на мај 2026 и не успеа да доживее да ја види својата ќерка како игра на својот прв Гренд слем.

Нашата Лина Ѓорческа (31) по една и пол деценија во професионалниот тенис си го исполни животниот сон да заигра на еден Гренд слем турнир.
Таа, освен што направи историски подвиг за себе пласирајќи се на Вимблдон, ја направи горда ѝ целата нација.

Лина е дел од тенискиот свет од своето детство, од шестата година, а виновник за нејзината љубов кон белиот спорт е брат ѝ, кој прв ја однел на тениски тренинг.
Денес, тој заедно со неа се радува на успехот што го постигна таа.
Но, успехот на Лина има и малку „горчлив вкус“ за неа, бидејќи нејзиниот татко, македонската одбојкарска легенда Владимир Ѓорчески - Ципа почина пред околу еден месец, на крајот на мај 2026 и не успеа да доживее да ја види својата ќерка како игра на својот прв Гренд слем.

Што знаеме за Лина Ѓорческа?
Родена е на 3 август 1994 во Тетово.
Потекнува од спортско семејство - нејзините родители се поранешни одбојкари, а татко ѝ своевремено играл и за репрезентацијата на Југославија.

Почнала да тренира тенис во 2001 година покрај постариот брат во родното Тетово, но брзо потоа се префрлила на терените во Скопје.
Првиот професионален натпревар го одиграла на 16 години.
