Со тенис ја „заразил“ брат ѝ, пред 1 месец почина татко ѝ - Што знаеме за Лина Ѓорческа, нашата тениска гордост?
Најдобриот пласман во кариерата ѝ е 170 место на ВТА листата во сингл, а 116 во дубл.
Професионалната цел ѝ е да се најде меѓу 50-те најдобри светски тенисерки.

Лина е нашата најуспешна тенисерка, со освоени 15 титули во сингл и 47 во дубл.
Тениски идол ѝ е Серена Вилијамс.

За себе вели дека е типичен Лав и дека дури и најдобрите другарки на прв поглед за неа мислеле дека е недостапна.
Во интервју за CRNOBELO.com пред неколку години изјави дека доколку не играла професионално тенис, би сакала да биде архитект.

Доколку треба да живее на друго место, а не во Македонија, вели дека би сакала тоа да биде Шпанија - Валенсија или Барселона.

А. Ј. | Црнобело