Победниците не го добиваат оригиналниот трофеј, играчите не се платени од ФИФА: Факти за Светско што не сте ги знаеле
И судиите добиваат солидна сума
Учеството во Светско е исто важно и за судиите кои по ваков настан ќе имаат подобра репутација, подобри можности за работа во иднина, но и многу повеќе пари на сметка.
Судиите кои годинава судат на Светско можат да заработат и до 100.000 долари.
Но, истовремено ќе добијат и големи бонуси ако судат на подоцнежните фази од првенството.
Фудбалерит ене добиваат пари од ФИФА
Тимовите на Светско се направени од најдобрите фудбалери кои во своите клубови заработуваат милиони.
Кога играат на Светско, тие може да добијат надомест за тоа што ја претставуваат нивната земја, но за повеќето, ова не се ни споредува со парите што им ги плаќаат клубовите.
Ако добијат пари, тоа ќе биде од федерацијата на нивната земја, а секоја федерација има свои правила кои може многу да се разликуваат.
Секоја федерација си има свои правила за плаќање на играчите кои може многу да се разликуваат.
Некогаш фудбалерите се согласуваат и да поделат дел од паричната награда.
Сепак, самото играње на Светско е огромен престиж за фудбалерите, па парите не им се првичната мотивација.
Сите тимови добиваат возила и камион со опрема од ФИФА
ФИФА навистина покрива огромен дел од трошоците на тимовите што се натпреваруваат.
Покрај парите што им ги дава за подготовки, ФИФА им ги плаќа летовите и сместувањето на тимовите.
Исто така им обезбедува возила за да можат да стигнат до местото на натпреварот, како и камион со соодветната опрема.
Оригиналниот трофеј не оди кај победничкиот тим
Легендарниот златен трофеј што му се предава на тимот што ќе победи не останува кај победниците.
Бидејќи претходно имало ситуации кога трофејот бил украден, од 1974 година, ФИФА одлучи дека ниту една држава нема да го чува перманентно.
Победничкиот тим го добива оригиналниот трофеј само на церемонијата на Светско. Но, потоа играчите добиваат позлатена копија која е изработена од бронза.
Оригиналниот трофеј, кој е направен од злато, се чува во Цирих.
Спирова С. | Црнобело