Ерлинг Халанд на модна ревија со девојката фудбалерка на Сицилија – издоминираа како моден пар
- Детали
- среда, 15 јули 2026
Еден ден откако по Светското се врати во Норвешка со ракун и нова дизајнерска чанта, Халанд беше забележан на Сицилија, на модна ревија на Dolce&Gabbana, заедно со својата девојка фудбалерка – воодушевија со модниот стил и ги украдоа сите погледи.

Пред неколку ден, откако го завршија своето учество на Светско 2026, норвешката репрезентација се врати дома, а на аеродромот беа пречекани со развеани знамиња и многу обожаватели.
Ѕвездата на првенството, Ерлинг Халанд, стана хит откако од авионот излезе со препариран ракун и нова дизајнерска чанта, кои си ги донесе како спомен од Светско 2026.
Тој очигледно нема проблем да биде активен на сите страни, па откако му завршија официјално ангажманите, веќе следниот ден беше забележан на Сицилија.

Заедно со неговата девојка Изабел, која исто така е фудбалерка, присуствуваа на модната ревија на Dolce&Gabbana во Таормина, каде ги украдоа сите погледи.
Тие се дефинитивно најубавиот и најмоден спортски пар, а беа усогласени со аутфитите – тој во бели сатенски панталони со кошула и бело сако, а таа во проѕирен светкав фустан.
Парот пристигна држејќи се за рака, а видеото и фотките вирално се проширија.


М. М. | Црнобело