Мајка му го родила на 16, татко му собирал ѓубре од улица за да преживее - Што знаеме за Ламин Јамал и неговото семејство?
- Детали
- сабота, 18 јули 2026
Пред да се роди Јамал, татко му работел секаква физичка работа, а собирал и ѓубре по улица за да можат да преживеат. Наводно, немал да плати ни за кирија, па двајца негови пријатели му дале дом. Едниот се викал Јамал, другиот Ламин и во знак на благодарност кон нив, тоа е името што Мунир му го дал на својот син.

Ламин Јамал е вистинска фудбалска суперѕвезда на Барселона и на шпанската репрезентација, иако има само 19 години (роден е на 13 јули 2007).
Одличната игра и головите што ги постигна на Светското првенство во САД, Мексико и Канада дополнително потврдија дека тинејџерот е еден од најдобрите светски фудбалери и покрај својата младост и дека го чека светла иднина и уште многу успеси.

А зад сето ова, стои огромната семејна поддршка што тој ја добива, не само од мајка му и татко му, туку и од неговата баба.
Пред околу една година, тој дојде на потпишувањето на договорот со Барса токму со баба му, а во медиумите се шпекулираше дека не сакал да оди таму без неа и дека дури и го одложил моментот на ставање потпис на новиот договор бидејќи таа не можела да дојде со него кога челниците на клубот го повикале на состанок.

Што знаеме за Јамал и неговото семејство?
Татко му Мунир Насруи е од Мароко, а мајка му Шејла Ебана е родена во племето Фанг, во Гвинеја.
Парот се запознал во Шпанија, каде што е и роден Јамал.
Неговата мајка имала само 16 години кога го родила.

Три години подоцна, Шејла и Мунир се развеле, па таа се преселила во Гранолерс со синот, додека татко му на Јамал останал во Матаро.
Поради ова, фудбалерот во детството често патувал меѓу двата града.
Шејла работела неколку работи паралелно за да го прехрани синот, во угостителството, а меѓу нив била и работа во McDonalds.
