Мајка му го родила на 16, татко му собирал ѓубре од улица за да преживее - Што знаеме за Ламин Јамал и неговото семејство?
Тој прв го забележал неговиот талент за фудбал. За жал, немале пари да плаќаат да оди на тренинг во фудбалски клуб.
Кога директорот на Ла Торета видел колку е момчето талентирано, им кажал дека може да доаѓа да тренира беспари.

Денес, иако Шејла и Мунир се разведени, често се заедно на натпреварите на својот син и го бодрат од трибините.
А со Шејла е секогаш и нејзиниот помлад син, Канје, кој е полубрат на Ламин.

Фудбалерот го обожава Канје, (кој е роден 2023), па по секој натпревар на шпанската репрезентација на Светско 2026, тој славеше со него.
А на новинарско прашање како се носи со притисокот да игра на Светско, тој одговорил:
„Притисок? Мајка ми ме родила на 16 години, татко ми собирал предмети од улица за да донесе храна дома. Тоа е притисок!“

Кликнете и погледнете го видеото од Јамал и неговиот мал брат на трибините на стадион на Светско:
А. Ј. | Црнобело