Мајка му го родила на 16, татко му собирал ѓубре од улица за да преживее - Што знаеме за Ламин Јамал и неговото семејство?
Јамал во една пригода изјави дека му е жал што не поминувал повеќе време со мајка му додека растел.
„Одев на училиште, се враќав, одев на тренинг и ја гледав мајка ми дури вечерта, кога ќе се вратеше од работа. Но, и покрај тоа што работеше по цели денови, секогаш ми правеше вечера“, рекол тој.

Неодамна Јамал ѝ купи куќа во Барселона, и тоа домот во кој живееја Пике и Шакира една деценија.
„Ѝ ја купив куќата што ја избра. Таа е мојата кралица. Заслужува сè и јас ќе ѝ го овозможам тоа“, рекол фудбалероот брзо потоа.

Тој купил куќи и за неговата баба, и за татко му.
Иако Шејла жртвувала многу за синот, и жртвата на неговиот татко била подеднакво голема.
Мунир е роден во Мароко, од каде што емигрирало неговото семејство за да се пресели во Шпанија.

Прва во Шпанија дошла баба му на фудбалерот. Таа работела три работи и собирала пари за да обезбеди средства со кои ќе ги доведе својот син и ќерка во Шпанија.
Таа ѝ платила на некоја жена да ги донесе децата од Мароко, во време кога Мунир имал околу три години.
Пред да се роди Јамал, Мунир работел секаква физичка работа, а собирал и ѓубре по улица за да можат да преживеат.

Наводно, немал да плати ни за кирија, па двајца негови пријатели му дале дом.
Едниот се викал Јамал, другиот Ламин и во знак на благодарност кон нив, тоа е името што Мунир му го дал на својот син.
И тој давал сè од себе за да му овозможи добар живот на синот.
