Ги негираа гласините за неверство, па прославија влез на Аргентина во финале - Како сопругата на Меси застана во негова одбрана?
- Детали
- четврток, 16 јули 2026
На Светското првенство во Катар во 2022 првпат почнаа гласини за љубовната афера на Меси со аргентинска новинарка, а продолжија и на ова Светско. Иако фудбалерот ја негираше аферата, неговата сопруга ѝ испратила приватна порака на новинарката која ја поврзуваат со нејзиниот маж.

Вчеравечер репрезентацијата на Аргентина со пресврт ја победи Англија со 2:1 и се пласираше во финалето на Светското првенство во фудбал 2026.
Антоанела Рокузо, сопругата на Меси, победата ја прослави со објава на Инстаграм на која е со нивните три сина.

„Фала ти Господе. Напред Аргентина! Финалеееее“, напиша таа и сподели неколку семејни фотки, на кои е со трите деца на фудбалерот, Тиаго, Матео и Сиро, сите облечени во аргентински дресови.
Но, токму пред почетокот на Светското првенство во јавноста се појавија гласини дека Меси ја изневерува сопругата со аргентинската новинарка Софи Мартинез.

Гласините прво ги демантираше самиот фудбалер и тоа во зоната за новинари и фудбалери, веднаш по натпреварот на Аргентина и Кабо Верде (Зелен ‘Рт).
Меси ѝ пришол на Мартинез, ја прегрнал и бакнал во образ, а потоа пред сите присутни кажал:
„Ако те гледам прашуваат зошто те гледам, кога ќе те поздравам, прашуваат зошто те поздравувам“.

На ова Софи му одговорила: „Сè се тоа лаги“.
Но Софи открила и дека сопругата на Меси ја побарала за да ја увери дека гласините ќе поминат.
„Софи, не се грижи, игнорирај ги глупостите“, ѝ напишала таа на новинарката.
