Се запознале на факултет пред 10 години, студира да стане хирург - Која е девојката на шпанскиот капитен Родри?
Иако Родри по некое време стана едно од најпознатите имиња во светскиот фудбал, па и капитен на репрезентацијата, нивната врска остана речиси целосно надвор од фокусот на јавноста.
Лаура ретко се појавува во медиумите, нејзините профили на социјалните мрежи се „заклучени“, а поради нејзината напорна кариера како докторка, многу ретко оди и на стадион.
Но, тие имаат традиција која се одвива зад сцената, а за која фудбалерот раскажа неодамна.

Имено, Лаура ги гледа натпреварите нас војот сакан дома и ги снима своите реакции.
Потоа му ги праќа видеата, а Родри откри дека гледањето на тие видеа по натпреварите, во соблекувалната, е еден од неговите омилени ритуали.
На овој начин, вели тој, Лаура, иако е далеку од камерите и бучавата на стадионот, сепак учествува во неговите најголеми професионални моменти.

Таа пак, вешто ги избегнува рефлекторите со години, таа го придружуваше Родри за време на една од најважните вечери во неговата кариера - церемонијата за доделување на Златната топка во 2024 година.
Додека ја примаше најпрестижната индивидуална награда во светот на фудбалот, тој не ја заборави личноста која му беше поддршка долго пред големите трофеи и светската слава да дојдат во неговиот живот.

Во емотивен говор, тој ја нарече Лаура „најважната личност на светот“ и ѝ се заблагодари што е покрај него во секој чекор од неговиот живот и професионално патување.
„Девојката што студираше медицина најмногу ми помогна да се справам со притисокот при излегување на теренот“, изјавил тој во едно интервју.

А. Ј. | Црнобело