Се запознале на факултет пред 10 години, студира да стане хирург - Која е девојката на шпанскиот капитен Родри?
- Детали
- вторник, 21 јули 2026
Ретко се појавува во медиумите, нејзините профили на социјалните мрежи се „заклучени“, а поради нејзината напорна кариера како докторка, многу ретко оди на стадион. Но парот има традиција - таа ги снима своите реакции кога Родри ќе даде гол и му ги праќа видеата.

Шпанскиот капитен Родриго Хернандес Касканте (30), попознат како Родри, беше избран за најдобар играч на Светското првенство 2026.
Со тоа, фудбалерот на Манчестер Сити, освои две титули - победничкиот пехар и Златната Топка (иако имаше коментари дека наградата за најдобар фудбалер на првенството сепак требаше да ја освои друг).
А зад неговиот професионален успех, се крие и приватен живот без скандали, исполнет со многу љубов.
Родри веќе 10 години е во врска со Лаура Иглесијас (28), студентка по медицина која се школува за хирург.

Лаура, која не сака да се појавува во јавноста, сепак беше на првенството и го бодреше Родри од трибините.
Нивната љубовна приказна започна во 2016 година, далеку од рефлекторите и фудбалските стадиони.

Родри и Лаура се запознаа за време на студиите на Универзитетот Jaume I во Кастелон, каде што идниот фудбалски ас истовремено градеше академска и спортска кариера.
И додека Родри „жонглираше“ со студиите по бизнис администрација и играњето за Виљареал, Лаура беше посветена на својата цел - да се стекне со диплома по медицина.
Кога се запознале, таа наводно била изненадена од фактот дека зад професионалниот фудбалер се крие сосема обичен студент, која живее во студентски дом и редовно посетува предавања како и сите други.
